Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оствари средба со генералната директорка за Западен Балкан во ЕУ, Ангелина Ајнхорст.
– Убава прилика за средба со генералната директорка за Западен Балкан во ЕУ, Ангелина Ајнхорст. Постигнавме многу во клучните приоритетни области, но пред нас сѐ уште стојат предизвиците за вклучување на земјите од Западен Балкан во „Конференцијата Иднината на Европа“, успех на Самитот ЕУ-ЗБ во рамките на Словенечкото претседателство, како најважни сегменти со кои го градиме Европскиот кредибилитет на Балканот, напиша Османи на Фејсбук.
извор: МИА







