ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК: На полноќ истекува рокот за регистрирање и поднесување корегирани ценовници од медиумите

September 19, 2021 18:41
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва во 24:00 часот истекува рокот до кога радиодифузерите кои се претходно регистрирани во Државната изборна комисија (ДИК) се должни да достават нови (корегирани) ценовници согласно член 75-ѓ став (9) од Законот за измениување и дополнување  на Изборниот Законик објавени во Сл. Весник бр. 215/21 од 16.09.2021 година, додека печатените медиуми доколку имаат корекција на своите доставени ценовници можат да достават нови (корегирани) ценовници во истиот рок, информираат од ДИК.

Архивата на Државната изборна комисија денеска ќе работи до 24:00 часот.

– Вечерва во 24:00 часот истекува и рокот до кога сите радиодифузери и печатени медиуми кои претходно не се регистрирани во Регистарот за радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронски портали) на ДИК (не поднеле барање за упис, немале комплетна документација или го пропуштиле рокот. Овие радиодифузери и печатени медиуми со барањето за регистрација се должни да достават и ценовници согласно член 75-ѓ став (9) од Измените на Изборниот Законик објавени во Сл. Весник бр. 215/21 од 16.09.2021 година, за предвремени парламентарни избори 2014, предверемени парламентарни избори 2016, локални избори 2017, претседателски избори 2019 и предвремени парламентарни избори 2020, информираат од ДИК.

Радиодифузерите и печатените медиуми што нема да се регистрираат или што нема да достават нови (корегирани) ценовници најдоцна до денеска до 24:00 часот, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.

– Регистрираните радиодифузери како и радиодифузерите кои поднеле нови барања за регистрација, а кои што нема да достават нови (корегирани) ценовници во наведениот рок го губат правото да бидат регистрирани за платено политичко рекламирање и нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, посочуваат од ДИК.

Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се води врз основа на поднесено барање за упис до ДИК, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена. Документацијата од ова известување се поднесува електронски на mediumi@sec.mk или во архивата на Државната изборна комисија на булевар „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна денеска до 24:00 часот.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk