ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Брима“: Ако денеска се одржат парламентарни избори, за СДСМ би гласале 19,5% од испитаниците, за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%

September 20, 2021 08:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%, објави Слободен печат.

Со оглед на актуелната изборна реалност во државата, на генералното прашање „Доколку се одржат парламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате?“, резултатите се следни:

За СДСМ би гласале 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%.  За ДУИ се определиле 7,2%, а за Алијанса за Албанците 6%. Од анкетираните, за Движењето БЕСА се определиле 4,7%, колку и за Левица (4,7%), а последна со рејтинг од над 1% е ДПА за која би гласале 1,1% од анкетираните. Сите други партии се под 1% поддршка меѓу интервјуираните гласачи во ова истражување.

Сепак, неизвесноста останува со оглед на тоа што 3,7% од анкетираните изјавиле дека нема да гласаат или „ќе пуштат неважечко ливче“ на изборите, други 12,7% сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат, дека нема да гласаат се изјасниле 9,3% анкетирани, оние кои не знаат дали ќе гласаат се 3,7%, а оние кои одбиле да одговорат на ова прашање се 7,3% од испитаниците. Вкупниот скор на сите овие категории ближи високи 40% од анкетираните.

Но, во овој августовско-септемврики бран на омнибус истражувањето на „Брима“ дополнително беа вклучени прашања во врска со излезноста на претстојните локални избори. Во овој момент, пред официјалниот почеток на политичките кампањи, 44,2% од анкетираните се изјаснуваат дека „многу веројатно“ дека ќе излезат и ќе гласаат на локалните избори, а 30.5% дека „веројатно ќе излезат“.

Извор: Слободен печат
Next Post

„Брима“ истражување: На локалните избори, 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk