ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во цврстата прегратка на Филипче

September 20, 2021 09:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ/ ЦИВИЛ МЕДИА

Теоријата дека Заев ќе го чека завршувањето на локалните избори за да ја соопшти својата одлука дали ја прифаќа оставката на Филипче, се чини тешко остварлива. За такво нешто би требало да поминат уште, брат-брату, шест недели, а тој период би бил предолг не само во однос на политичката пристојност за носењето на таква одлука, туку и за чекање на резултати од истрагата до тогаш. Не мора човек да биде голем експерт за да погоди дека тоа одлагање, јасно, во најмала рака, политички тешко би се одразило врз власта во резултатите од претстојните локални избори, дури и да се смират протестните тензии во државата како резултат на тетовската трагедија, особено по настаните во Тетово минатиов викенд.

Од друга страна, вчера ги погледав првичните резултати од анкетата на респектабилната агенција за истражување на јавното мнение во Македонија, „Брима“, чиишто ексклузивни права за објавување ги обезбеди „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ во своите денешни изданија. Иако теренските анкетни активности на „Брима“ се завршени ден-два по пожарот во Тетово – што значи дека не можат сеопфатно да го измерат расположението во јавноста по тој настан – податоците од таа анкета може да го охрабрат Заев за носење одлука „во вистинска насока“ (која ли ќе биде таа?!).

Имено, иако рејтинзите на македонските политичари и политички партии се очајно ниски, самиот Заев е далеку најподдржуваниот политичар во јавноста во државата со рејтинг од близу 12%, наспроти листата на сите други по него што ја предводи Христијан Мицкоски со 7%, па надолу! И самиот СДСМ, според оваа анкета, води два процентни поени во рејтингот пред ВМРО-ДПМНЕ (19,5% наспроти 17,5%, слично како и во анкетните проекциите за гласањето на локалните избори), а кога тоа би се „искомбинирало“ со коалициските податоци за заедничките потенцијали на локалните избори, таа разлика е поубедлива.

Занимливо, самиот министер за здравство Венко Филипче, во испитувањата на пулсот на македонската јавност на „Брима“, се доживува како еден од ретките македонски политичари кои – иако немаат импресивен вкупен рејтинг! – поседува (како и Пендаровски, впрочем) забележливо повисок капацитет од повеќето други колеги и од владејачката и од опозициската сцена да ги обедини граѓаните околу својот ресорен ангажман: за него „дури“ 41% од испитаниците изразиле благонаклонет став, што е многу повисоко од самиот негов личен рејтинг. (Лошата вест за него е што 56% од анкетираните не го делат тоа благонаклоно мислење, ама ако ги видите другите статистички податоци на овие од власта и опозицијата, денот на Филипче мора да му се чини многу добар!)

Доколку на тоа се додаде безмилосната и, често, непристојна опозициска, партиска 24/7 харанга во врска со пожарот во Тетово, што може да резултира со непредвидливи реакции на јавноста – а, веќе пишував дека тоа сигурно ги обединува најмалку партиските гласачи околу СДСМ и опстанокот на самиот Филипче – станува јасно дека на Заев повеќе му одговара поскоро, одошто подоцна, да се произнесе со свој дефинитивен став за прифаќање или неприфаќање на понудената оставка на министерот за здравство (па и на неговиот заменик, Илир Хасани).

Со други зборови, одлагањето на тешки (за Заев) одлуки во политиката може да има непредвидливи ефекти… Како што е самиот Филипче, во цврста „прегратка“ со Заев, несомнено дел од градењето на перманентно повисокиот рејтинг на СДСМ во однос на нивниот главен политички опонент во последните неколку години, така и контроверзата со неговата оставка може да го „потопи“ тој партиски рејтинг и на локални избори таман за толку, колку значително да се изгубат изборите.

Отсекогаш сум мислел дека старата изрека дека политиката е многу блиска до, наводно, најстариот занает на светот, нема врска со искажување сексистички став. Повеќе е во прашање поимањето за тоа до каде во политиката може да се виткаат принципите, без да се скрши самата осовина што ги држат тркалата да се вртат.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.
Next Post

Дури 191 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk