ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата, треба да се почитуваат протоколите

September 22, 2021 14:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од КОВИД-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за КОВИД-дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.

-Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Министерката посочи дека училиштата се подготвени за преминување на моделот настава на далечина, наставниците се обучени и имаат пристап до националната платформа и секаде каде што досега се појавиле КОВИД-случаи и изолирање на учениците, рече, училиштата ги ставиле во функција овие алатки. Притоа посочи дека се видело оти системот функционира и е на располагање за онлајн-настава уште на 1 септември кога четири средни училишта во Тетово и Гостивар почнаа да работат онлајн.

Во однос на критиките од опозицијата за ИТ-уредите (таблети) преку училишните библиотеки и за дигиталните учебници, Царовска одговори дека не ја разбира критиката и не гледа проблем во тоа што на учениците кои немаат дигитални уреди во своите домови и немаат финансии  да ги купат, училиштата ќе им ги обезбедуваат уредите на реверс.

Посочи дека во библиотеките има 20 проценти од печатените учебници и тие им се даваат само на ученици кои немаат услови за користење дигитални уреди зашто немаат електрична енергија во нивните домови.

– Минатата година се утврди дека такви ученици има 1200. Тие 12 години владееја со државата и не утврдија колку ученици немаат електрична енергија. Ние тоа го направивме за една година. Токму затоа, за 20 проценти од бројот на ученици во државата се испечатени учебници и се во библиотеките со цел учениците во училиште да имаат пристап до учебниците. Исто така, и учениците кои немаат дигитални уреди да ги земат за во своите домови,  рече Царовска.

Додаде дека опозицијата нема ниту еден конструктивен коментар за процесите што ги води МОН, но дека дневно може да ги видат сите проекти – опремување на училиштата, отворање нови струки и дуални паралелки во соработка со компаниите, како и спроведување на новата концепција за основно образование која почнала успешно во целата држава.

-Апелирам до политичките партии да ги тргнат рацете од образовниот систем и образовните процеси затоа што образованието не разликува политичка партија. Таму се и нашите, и нивните деца, и сите ние работиме со една цел – подобрување на квалитетот на образованието кое е на очајно ниво. Тие не се трудеа да го подобрат и тоа го видовме во 12 години. Затоа и резултатите од ПИСА, ТИМСС и ПИРЛС се очајни, зашто се години се обидуваме да останеме на статус кво наместо да направиме храбри чекори за унапредување на образовниот систем. Нема да застанеме заради нечии ситни партиски цели, туку ќе работиме во интерес на сите наши деца, додаде Царовска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на гимназијата во Крива Паланка./МИА/.

Next Post

Поттикувањето на критичкото мислење e една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk