Запознајте ги жените кои помогнаа во создавање на просперитетно општество каде што правилно преовладува еднаквоста. Инспиративните жени на денешницата, се жените кои одат понатаму, прават повеќе, ги пробиваат бариерите и им даваат на луѓето храброст… „The motivational speakers agency“, направи листа од највлијателните и најинспиративните жени од различни области и различни позадини кои оставија белег врз феминизмот и го променаја светот.
Малала Јусуфзаи
„Ја раскажувам мојата приказна не затоа што е единствена, туку затоа што е приказна за многу девојки“.
Малала Јусафзаи е најмладиот добитник на Нобелова награда што светот го видел. Оваа неверојатна жена го надмина обидот за атентат на Талибанците во окупираниот Пакистан на петнаесетгодишна возраст, за да води кампања за правата на жените и правата на децата за образование.
Залагањето во област каде што Талибанците претставуваат сериозна закана, ја прави современа хероина. Јусафзаи се бори со сè што може за она во што верува.
Грета Тунберг
„Ние штрајкуваме затоа што ја завршивме нашата домашна задача, а тие не“.
На само 15 -годишна возраст, активистката за климатски промени Грета Тунберг го основа движењето „Младински штрајк за климатски промени“. Поттикнувајќи ги младите луѓе да ги изразат своите ставови и да придонесат во тековната битка против климатските промени, Тунберг се покажа како инспирација за стотици илјади млади луѓе.
Во чест на нејзината улога во ширењето на „штрајковите во училиштата“, Тунберг беше номинирана за Нобелова награда за мир.
Мишел Обама
„Пријателствата меѓу жените, како што ќе ви каже секоја жена, се изградени од илјада мали добрини, кои се менуваат напред и назад и повторно“.
Американската адвокатка и писателка, Мишел Обама, стана извор на инспирација за милиони во САД кога стана првата афроамериканска прва дама на Соединетите држави во 2009 година, за време на осумгодишното претседателско владеење на Барак Обама.
Нејзиното влијание беше толку силно што стана пример за жените низ целиот свет и водечки поборник за здравје, благосостојба и образование.
Ангела Меркел
„Кога станува збор за човечкото достоинство, не можеме да правиме компромиси“.
Канцеларката на Германија, Ангела Меркел останува една од најистакнатите фигури во глобалната политика. Меркел, експерт во различни области, често се опишува како „најмоќната жена во светот“.
Лидер со најдолг стаж во Европската унија и една од најинспиративните жени говорнички во светот, го прави влијанието на Меркел неспорно.
Опра Винфри
„Предизвиците се подароци што не принудуваат да бараме нов центар на гравитација. Не бори се со нив. Само најди нов начин да застаниш“.
Кои суперлативи не се користени за да се опише Опра Винфри? Винфри ја победи личната историја исполнета со сиромаштија и злоупотреба, за да стане најголемото име во шоу бизнисот. Неуморниот активист и телевизиски водител стана најбогатата Афроамериканка на 20 век. Таа беше и најмладата жена милијардерка во историјата.
Денес таа е почитуван филантроп и неодамна доби светско признание за нејзиниот страстен, инспиративен говор #MeToo. Винфри е неспорно една од најинспиративните жени во 21 век.
Нема сомнеж дека сите овие жени, секоја посебна на свој начин им пркоселе на општествените „норми“ и се изградиле како свои жени, инспирација за секоја жена во светот.
подготви: Миткоска Марија