ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Охрид, Василево и Кочани најтранспарентни општини, Пласница најзатворена

September 23, 2021 11:33
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќето општини во државата не работат доволно за да ги задоволат стандардите за отвореност. Просечната отвореност на општините годинава е 25 проценти, покажува истражувањето што го спроведе Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Најдобри резултати имаат општините Охрид (51 процент), Василево (48 проценти) и Кочани (48 проценти), а најниско е рангирана општина Пласница (3 проценти). Во првите 10 најтранспарентни општини се и Битола, Кавадарци, Валандово, Велес, Карпош, Прилеп и Гевгелија.

Кај планските региони, најтранспарентни се општините во Југоисточниот регион, со просечна отвореност од 34 проценти, а најзатворени општините во Полошкиот регион со просечна отвореност од 19 проценти.

Според резултатите добиени од истражувањето, голем дел од веб-страниците на општините не ги содржат основните информации барани со закон. Дел од нив, како што е општината Кривогаштани, не се регистрирани на доменот gov.mk, а некои општини, како општина Илинден, имаат две веб-страници. Има и општини, како што е Сарај, чии веб-страниците не ги задоволуваат барањата за кибер безбедност, а има и такви веб страници каде нема функционални алатки за пребарување. Не се ажурираат ниту редовно сите јазични верзии на веб- страниците.

Повеќето општини немаат и некаков документ (стратегија, политика, постапка) за отвореност и транспарентноста.

Генерално не се објавуваат ниту податоци за работењето на јавните претпријатија и работата на советите на општините. Кај голем дел од општините, единствена информација за јавните претпријатија е линк до веб страницата на тоа претпријатие, каде нема речиси никакви документи и информации од корист за граѓаните.

– Загрижувачка е бројката од 21 општина кои немаат објавено никакви податоци поврзани со процесот на донесување одлуки. Ова е значајна област која треба да се подобри бидејќи со поголема пристапност на информациите за одлуките на Советот и градоначалникот, навремено известување за нивната работа, граѓаните добиваат можност за вклучување во донесувањето на јавните политики на локално ниво, се наведува во истражувањето.

Во однос на финансиската транспаретност, општините исполнуваат само 27 проценти од индикаторите. Најдобри резултати во овој дел покажува Општина Карпош (58 проценти), а најниско се оценети Теарце, Сарај, Студеничани, Сопиште, Пробиштип, Врапчиште и Арачиново кои не објавуваат никакви податоци за финансиското работење.

Буџетот на општината го немаат објавено 12 општини, а само 10 општини имаат објавено граѓански буџет. Не се објавуваат ниту податоци за платите на функционерите и надоместоците на членовите на Советот на општината.

Само 25 општини имаат објавено време за консултации на градоначалникот со граѓаните.

Истражувањето покажа дека за прв пат годинава се објавени податочни сетови во целосно отворен (машински обработлив) формат од страна на некои општини. Такви се општините Охрид, Кавадарци, Прилеп, Василево, Зрновци, Аеродром, Штип, Ѓорче Петров, Вевчани, Желино, Куманово и Росоман.

– Иако бројката на општини не е голема (12) ова е значаен напредок во работењето на овие ЕЛС и голем исчекор во нивните напори за унапредување на отвореноста во работењето. Националниот портал за отворени податоци, data.gov.mk, до денес содржи 281 сетови на податоци објавени од 57 субјекти, а само 3 од нив се ЕЛС, се наведува во истражувањето.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk