ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Неприродно е македонското општество да покажува ксенофобија, ќе им донесе ли хејтерската кампања против Шилегов гласови на ДПМНЕ?

September 23, 2021 11:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пропаганда, лажни вести, демонизирање на противкандидатот. Дали опозицијата треба со „хејтерска кампања“ да проба да го деморализира Шилегов и дали нападите ќе им донесат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, прашува новинарот Ефтов…..Според Заев, земјата се движи во вистинска насока, а партнерството со ЕУ е главна цел…. Во најновата колумна на Александар Николиќ Писарев прочитајте зошто е неприродно и срамно македонското општество да покажува ксенофобија…

ЛАЖНИ ВЕСТИ, ПРОПАГАНДА 

 

Вистиномер: Лага е дека Филипче десетина дена по пожарот во Тетово заминал на плажа во Грција…..Точно е дека СДСМ ја призна автентичноста на фотографиите, но потенцираа дека фотографиите се од пред две години, а не од „минатиот викенд“, што ВМРО-ДПМНЕ првично го злоупотреби за да ја манипулира јавноста ….

Ефтов до ВМРО-ДПМНЕ: Колку гласови ќе ви донесе хејтерската кампања против Петре Шилегов? „Петре Шилегов во изминатите 30-40 дена се шеташе до албанскиот премиер Еди Рама на Кејот на Вардар, кој го има реконструирано. Имаше средба со градоначлникот на Тирана и возеше велосипед со него, во Скопје. На најбогатиот Албанец, Беџет Пацоли, му дозволи да гради катни гаражи во Чаир. И за разлика од Петре Шилегов, вие (ВМРО-ДПМНЕ) водите хејтерска кампања против него. Сите албански гласови ќе ви ги „купи“. И на крајот на денот што вреди повеќе? Овие 30- 40 или  50.000 албански гласови кои ќе ги добие Шилегов, или оваа хејтерска кампања која вие ја водите против него“, вели Ефтов.

ПОЛИТИКА, ПОПИС…
Пендаровски: „Македонија2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на земјата.

(ВИДЕО) Заев со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока, а партнерството со ЕУ е наша главна цел.  Дополнително беше разговарано за пописот како клучна статистичка операција која недостасуваше изминативе 20 години и која е клучна за понатамошното развивање на државата на секој план

Попишани 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

ЕКОНОМИЈА

Митреска: Монетарната политика е еден од столбовите на закрепнување на економијата. Митреска посочи дека од самиот почеток на корона кризата, централните банки и Народната банка ја олабавиле монетарната политика намалувајќи ја каматната стапка и обезбедувајќи дополнителна ликвидност за стимулирање на економската активност. 

МОЗАИК, ФРОНТ 

Тежнееме нашето општество да ги прифати во целост политиките за афирмирање и инклузија на знаковниот јазик, вели Заев. Нашата Влада, преку политиките за промовирање на можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви, го едначи знаковниот јазик со сите други говорни јазици, наведува Заев во видео обраќањето.

Неприродно е и срамно е македонското општество да покажува ксенофобија….ВМРО во тој дух се надева на најдоброто што отсекогаш знаела да го понуди: дека секоја друга национална припадност поинаква од нивната, како и различната религија од нивната ќе бидат искоренети од светот, за да остане на сила само македонската, православната, чистата, негибната од поинаквите од нив“, пишува Александар Николиќ Писарев.

Артан Груби итно да замине во Софија!…Хахахахаааа… Македонија е, несомнено, „светски првак“ по прашањата на воведување, исполнување, коригирање, унапредување итн. на Копенхашките критериуми на Балканот, со сите премрежија, успеси и неуспеси низ коишто поминавме во последните 30 години. На пример, ако се човековите и правата на малцинствата во прашање, политичката култура, како и формалните механизми за интеретничко и интеркултурно интегрирање, на Бугарија би можеле да им држиме семинари на таа тема во наредните десетина години…..прочитајте ја најновата колумна на Сашо Орданоски.
РЕНДГЕН

Лажни вести.

Quinho Ravelli

Музеј 

погледнете го нашиот денешен избор.

Следниот блок актуелности во 18 часот.

И. Т. З. 

Next Post

Вакцинираните со една доза не се целосно вакцинирани, имунитетот не се создава инстантно

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk