Новинарот Васко Ефтов во едно од изданијата на емисијата „Во центар“, ги прашува ВМРО-ДПМНЕ, колку гласови ќе им донесе хејтерската кампања против Петре Шилегов?
„Петре Шилегов во изминатите 30-40 дена се шеташе до албанскиот премиер Еди Рама на Кејот на Вардар, кој го има реконструирано. Имаше средба со градоначлникот на Тирана и возеше велосипед со него, во Скопје. На најбогатиот Албанец, Беџет Пацоли, му дозволи да гради катни гаражи во Чаир. И за разлика од Петре Шилегов, вие (ВМРО-ДПМНЕ) водите хејтерска кампања против него. Сите албански гласови ќе ви ги „купи“. И на крајот на денот што вреди повеќе? Овие 30- 40 или 50.000 албански гласови кои ќе ги добие Шилегов, или оваа хејтерска кампања која вие ја водите против него“, вели Ефтов.
Д. Е.