Надмината е бројката од 700 000 граѓани кои се вакцинирани. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче, пренесува Слободен печат.
– Вчера пристигнаа 100 000 вакцини „Фајзер“, 50 000 од „Синовак“. Се зголемува бројот на слободни кревети на Инфективна клиника, како и на интерните клиники. Според новите препораки, се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст и кај здравствени работници, без разлика на возраста, како и за хроничните болни, без разлика на возраста. Третата доза ќе биде од „Фајзер“, вели Филипче.
Исто така, министерот најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250.000 дози од производителот „Џонсон и Џонсон“.
Националниот комитет за имунизација препорачува трета доза на вакцина против ковид-19 и, за сите здравствени работници без разлика на возраста и за сите граѓани кои имаат имунокомпромитирачки проблеми без разлика на возраста, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Третата доза треба да се прими најмалку после 6 месеци од втората доза. Граѓаните ќе добијат порака преку „Мој термин“ дека може да се јават за вакцина, а ова би стартувало од понеделник, додаде министерот.
Извор: Слободен печат