ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Усвоено усвои Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот

September 23, 2021 15:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија денеска ја одржа 26. седница на која едногласно беше усвоено Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, кое произлегло од новите измени на Изборниот законик.

– Една од измените е дека граѓаните можат да гласаат со истечена лична карта, која им е истечена од денот на распишување до денот на одржување на изборите, рече потпретседателката на ДИК, Детмире Шеху.

Втората измена, како што појасни таа, е дека граѓаните ќе можат да гласаат со патни исправи, но според измените на Законот за патни исправи, важноста на патната исправа ќе се смета со рок на важност од 31 јули 2020 до 31 декември 2021 година

– Третата измена е по препорака на ОБСЕ, која и пратениците ја прифатија, а се однесува на тоа граѓаните кои не се во Избирачкиот список, а ги исполнуваат условите да гласаат на денот на изборите по добивање решение од ДИК, по поднесен приговор за заштита на личното изборачко право и откако Општинската изборна комисија ќе утврди  дека граѓанинот ги исполнува условите, дента да биде запишан во Избирачкиот спискок или по добивање пресуда од Управниот суд, дента на тие граѓани ќе им се дозволи да гласаат и Избирачкиот одбор со добиени копиии од решението ќе ги запише во Избирачкиот список и ќе им овозможи да гласаат, рече Шеху.

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи главните дејствија се поврзани со утврдување на идентитетот на гласачот со воведувањето на новиот начин на идентификација на граѓаните со отпечаток на прст, главната работа се базира околу употребна и управување со уредот на избирачкото место од страна на претседателот на Избирачкиот одбор или неговиот заменик, кои ќе имаат посебни идентификациски смарт картички и единствено тие ќе бидат овластени за управување со уредот за биометриска идентификација.

– Заради поголема заштита на процесот и поголема сигурност и транспарентност со ова Предлог-упатство се предвидува претседателот на Избирачкиот одбор и неговиот заменик да бидат присутни за време на целиот ден на гласањето, особено пред отворањето на гласачките места и по завршувањето на гласањето и утврдувањето на резултатите од гласањето, со меѓусебен договор за редовни паузи во текот на денот, рече Кондарко.

Ова е новина, како што додаде, која произлегува од потребата од новиот начин на идентификација на гасачите и ќе биде посебно применета на обуките кои се прават на целата изборна администрација во однос на целата постапка на гласањето.

Членовите на ДИК на седницата едногласно ги усвоија Предлог-прирачникот за едукација на Општинските изборни комисии и Предлог-прирачникот за едукација на избирачките одбори.

На денешната седница едногласно беа усвоени и измените на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиум (интернет портали), а беше усвоено и барањето за пет набљудувачи на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС – Канцеларија во Северна Македонија.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Мицкоски да не бара алиби, на фер и демократски избори ќе добие нова казна од граѓаните

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk