ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германија гласа: Кои се фаворитите?

September 25, 2021 09:34
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германија гласа на 26 септември. Тоа се најважните избори за Германија, но и за Европа и светот. Вниманието на светот е свртено кон германските гласачи, во исчекување на нивната одлука. Кои се фаворитите, според досегашните истражувања на јавното мислење во Германија, кои имаат шанса да седнат во жешкото столче на незаменливата лидерка, Ангела Меркел? Во пресрет на една од најважните одлуки што ќе бидат донесени во Европа, а кои се во рацете на германските граѓанки и граѓани, објавуваме неколку извадоци од текстови објавени во ЦИВИЛ МЕДИА.

Во анализата „Изборите во Германија и Западен Балкан: Како да станеме поинтересни за ЕУ“ од Александар Николиќ Писарев, објавена на 18 септември 2021, објавени се кратки белешки за тројцата најголеми фаворити:

ОЛАФ ШОЛЦ, СПД

Олаф Шолц е најпопуларниот кандидат за новиот канцелар на Германија. Во моментов е вицеканцелар и министер за финансии. Тој е поранешен градоначалник на Хамбург и кога директно би се избирал канцеларот за него во овој момент би гласале 43 отсто од граѓаните на Германија, а меѓу симпатизерите на социјалдемократите дури 87% избирачи би сакале да го видат како канцелар. Како можен заменик на Меркел го карактеризираат особини како сувопарен технократ.

Олааф Шолц
Социјалдемократска партија на Германија, СПД

Граѓаните сметаат дека е добар избор за канцелар бидејќи на Германија ѝ треба човек што цврсто го држи кормилото на државата. Го опишуваат како умерен, но нехаризматичен 63-годишник, кој целиот живот чека да ужива во  висока функција. Тој уште со 17 години се вклучил во СПД, една од најстарите партии во Европа.

АРМИН ЛАШЕТ, ЦДУ

Армин Лашет е долгодишен поддржувач на Меркел. Тој е премиер на најбројната германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија и од 2012 година е еден од петтемина потпретседатели на ЦДУ. Тој се смета за близок соработник на Ангела Меркел.

Армин Лашет, ЦДУ
Демохристијанска партија на Германија, ЦДУ

Лашет остана покрај канцеларката Меркел и за време на силните критики на нејзина сметка поради бегалската политика. Армин Лашет е роден во градот Ахен. Од 1994 година бил пратеник во Бундестагот, Европскиот парламент и во покраинскиот парламент во Диселдорф. За овој 60-годишник Германците имаат многу пофални зборови поради неговата способност да ги обедини луѓето.

АНАЛЕНА БАЕРБОК, ЗЕЛЕНИТЕ

Аналена Баербок од партијата на Зелените, долги години била заменик-претседател на таа партија, правник е со диплома за меѓународно јавно право на Лондонското училиште за економија. Нејзините поддржувачи сметаат дека е добра за премиер и добар познавач на проблемите во екологијата. Недостаток ѝ е што нема искуство во извршување функции во влада или министерство.

 

Аналена Баербок, Зелените

Зелените на Германија
Кандидатката на Зелените, чија партија ќе влезе веројатно во некоја од коалициите, акцентот го става на екологијата и предупредува дека досегашната влада не влијаела доволно да се спречат климатските промени. Таа ги обвинува ЦДУ/ЦСУ и СПД дека во изминатиот период премалку се занимавале со еколошките проблеми и проблемите во животната средина и дека е недозволиво одлуката за престанок на експлоатацијата и користење јаглен да важи дури од 2038 година, што по неа е предоцна и треба да се направи порано. Во гласачкото тело им поддршка од 15 проценти што ѝ отвора пат да биде коалициски партнер во една од двете најголеми партии.

Во опширниот портрет Печат на времето: Ангела Меркел, повеќе од државник, исто така, од Александар Николиќ Писарев, објавен на 29 март 2021, меѓу другото пишува:

Ангела Меркел е родена 1954 година во Хамбург, во протестантско свештеничкото семејство. Нејзиниот татко, уште додека Ангела била дете, се преселил во ДДР како мисионер со желба да помогне протестантството, во поделениот дел на татковината, кој бил под силно влијание на комунистичкиот режим од СССР, да не замре. По докторските студии по физика во Русија во 1986 година, па сѐ до падот на Берлинскиот ѕид, нејзината кариера беше мирна и определена кон научниот ангажман во физиката и квантната хемија, а нејзиното име беше анонимно во политиката.

„Таа е прва жена премер на Германија што во изминатите 15 години им одржа лекција на многу политичари – претежно мажи, и затоа немојте никогаш да ја потценувате“, ја опишува Си-ен-ен во посебен прилог за нејзиното повлекување од политиката и додава дека таа веќе одамна ја има бетонирано својата позиција како еден од најуспешните светски политички лидери.

За Ангела Меркел, пишуваше и политичкиот аналитичар, колумнистот Сашо Орданоски во колумната Данке Дојчланд за „мама Меркел“! објавена на 15 септември 2021:

Меркел се покажа како инструментален конструктивен политички фактор во ваквото „европско бесознание“, една каша-попара што по многу важни прашања сѐ уште трае. И секогаш со цврсти и принципиелни либералдемократски ставови.

Претпоставувам дека феноменот со заминувањето на Ангела Меркел од активната светска политика ќе биде сличен како она со струјата: кога ја има, тоа се третира за нормалност; кога ја нема, сите се вчудовидени како да го протуркаат денот без неа.

Така што, мислам дека не е претерано да се каже: Данке Дојчланд што ја ставивте на располагање „Мама Меркел“ на европската и светска сцена, таа убавина нема да ви ја заборавиме.

Германскиот Бундестаг брои најмалку 598 места. Германија има 60,4 милиони гласачи. Иако гласовите се проверуваат дури три пати, победникот е познат само неколку часа по затворањето на избирачките места во земјата.

извор: ЦИВИЛ МЕДИА

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk