ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Германија денеска гласа. Кој ќе ја наследи Ангела Меркел?

September 26, 2021 10:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Германците денеска го избираат идниот состав на парламентот и индиректно идниот канцелар, кој ќе ја наследи Ангела Меркел.

Гласат околу 60,4 милиони Германци. Федералната изборна комисија ја одобри кандидатурата на вкупно 54 партии, но на изборите излегуваат 47 партии. Се натпреваруваат 6.211 кандидати, од кои 2.024 се жени.

Се очекува главната борба да ја водат конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција, и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално предложија свои кандидати за канцелар.

Олаф Шолц од СПД е најпопуларниот кандидат за новиот канцелар на Германија. Во моментов е вицеканцелар и министер за финансии.

Олаф Шолц

Тој е поранешен градоначалник на Хамбург и кога директно би се избирал канцеларот за него во овој момент би гласале 43 отсто од граѓаните на Германија, а меѓу симпатизерите на социјалдемократите дури 87% избирачи би сакале да го видат како канцелар. Како можен заменик на Меркел го карактеризираат особини како сувопарен технократ.

Граѓаните сметаат дека е добар избор за канцелар бидејќи на Германија ѝ треба човек што цврсто го држи кормилото на државата. Го опишуваат како умерен, но нехаризматичен 63-годишник, кој целиот живот чека да ужива во  висока функција. Тој уште со 17 години се вклучил во СПД, една од најстарите партии во Европа.

Армин Лашет од ЦДУ, е долгодишен поддржувач на Меркел. Тој е премиер на најбројната германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија и од 2012 година е еден од петтемина потпретседатели на ЦДУ. Тој се смета за близок соработник на Ангела Меркел.

Армин Лашет, ЦДУ

Лашет остана покрај канцеларката Меркел и за време на силните критики на нејзина сметка поради бегалската политика. Армин Лашет е роден во градот Ахен. Од 1994 година бил пратеник во Бундестагот, Европскиот парламент и во покраинскиот парламент во Диселдорф. За овој 60-годишник Германците имаат многу пофални зборови поради неговата способност да ги обедини луѓето.

Аналена Баербок од партијата на Зелените, долги години била заменик-претседател на таа партија, правник е со диплома за меѓународно јавно право на Лондонското училиште за економија. Нејзините поддржувачи сметаат дека е добра за премиер и добар познавач на проблемите во екологијата. Недостаток ѝ е што нема искуство во извршување функции во влада или министерство.

Аналена Баербок, Зелените

Кандидатката на Зелените, чија партија ќе влезе веројатно во некоја од коалициите, акцентот го става на екологијата и предупредува дека досегашната влада не влијаела доволно да се спречат климатските промени. Во гласачкото тело им поддршка од 15 проценти што ѝ отвора пат да биде коалициски партнер во една од двете најголеми партии.

Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе влезат и партии кои и сега имаат пратеници – Либералите (ФДП), крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и партијата Левица.

Аналитичарите и даваат одредени шанси и на партијата Слободни избирачи, која на изборите фигурира како мала, иако има пратеници во парламентите на неколку германски федерални провинции, а во Баварија учествува и во покраинската влада.

Ј. Ѓ.

Next Post

Јовановиќ: Ако Арсовска не знае да се објасни себе која е и што е, како ќе го објасни Скопје и духот на скопјани?

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk