ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Стартува кампањата за Локални избори 2021, буџетот е во одлична кондиција

September 27, 2021 21:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

СДСМ ја нуди најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава, информираат од партијата на првиот ден од кампањата за локалните избори, Започнавме проекти кои решаваат проблеми за следните 50 години, трета доза вакцина

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА, ПОПИС

Oфицијално започна кампањата за претстојните локални избори, на кои СДСМ и Коалицијата влегуваат како апсолутни фаворити. На денешната прес конференција Сугарески ја претстави изборната програма.

Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората.

Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите се очекува попладне да пристигне во земјава. Државната изборна комисија соопшти дека пратката ќе биде пречекана пред Домот на АРМ во 13 часот.

Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев на денешниот прв ден од почетокот на кампањата за претстојните локални избори вети дека како партија и коалиција ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена кон она што било направено досега, но и кон идните планови за поддршка на локалните самоуправи и за поголем локален економски развој.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека задолжувањата кои се направени во периодот на коронакризата, а кои изнесуваат околу 10% од БДП, се направени исклучиво за да се одговори на предизвиците со коишто се соочија стопанството и граѓаните, како и дека сите средства од буџетот се транспарентно прикажани и се знае каде завршил секој денар, независно дали е од задолжувања или од други приходи.

Oфицијално започна кампањата за претстојните локални избори, на кои СДСМ и Коалицијата влегуваат како апсолутни фаворити. На денешната прес конференција Сугарески ја претстави изборната програма.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата прва прес-конференција од изборната кампања изрази уверување дека постигната е целта поставена кога во 2017 ја доби довербата од граѓаните да се смени курсот во кој се движеше градот предводен од ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците што за оваа прилика ги подготви Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, за градоначалничката функција се натпреваруваат 297 кандидати, меѓу кои 26 се независни. Тоа не е најголем број на независни кандидати. Најголем број независни кандидати, 25%, имаше во 2005 година, додека процентот на независни кандидати оваа година е речиси трипати понизок – 8,75%.

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години,  и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сoстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина.

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија Марјан Забрчанец денеска учествуваше на регионалната „Конференција за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан: Справување со дезинформациите, организирана од Делегацијата на Европската Унија во земјата и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

ЕКОНОМИЈА

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средби со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

Северна Македонија е земја со одлична деловна клима каде компаниите имаат можност за долгорочно планирање и развој на инвестициите, е заклучокот од состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак.

В.Д

Next Post

Бајден ја прими третата, засилувачка, доза од вакцината против Ковид-19

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk