ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

(ВИДЕО) Изборен рапорт на ЦИВИЛ (1): Независните кандидати немаат простор за маркетинг и дебата во медиумите

Во првото издание на „Изборен рапорт“, ЦИВИЛ им посака успешна и достоинствена кампања на сите кандидатки и кандидати, ги промовираше новите видео содржини и пренесе низа забелешки од независните кандидатки и кандидатки за функции во локалната власт на претстојните избори. „Изборен рапорт“ ќе се емитува во живо, в понеделник, среда и петок, со почеток во 11 часот од прес центарот на ЦИВИЛ. Прилогот го подготви и го водеше Џабир Дерала

September 27, 2021 16:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, на полноќ, започна официјалната изборна кампања за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври. ЦИВИЛ им посакува успешна и достоинствена кампања на сите кандидатки и кандидати.

Изборен рапорт

Според податоците што за оваа прилика ги подготви Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, за градоначалничката функција се натпреваруваат 297 кандидати, меѓу кои 26 се независни. Тоа не е најголем број на независни кандидати. Најголем број независни кандидати, 25%, имаше во 2005 година, додека процентот на независни кандидати оваа година е речиси трипати понизок – 8,75%.

ЦРНА И ПРЕДВРЕМЕНА КАМПАЊА СО НАЦИОНАЛНИ ТЕМИ

ЦИВИЛ констатира дека се води предвремена изборна кампања. Самата кампања изобилува со дезинформации и лажни вести, а актуелните настани и процеси, меѓу кои трагедијата во Тетово и спасувањето цивили од Авганистан, како и спроведувањето на пописот, се злоупотребуваат во политички, односно изборен контекст, најчесто со цел да се дискредитираат и оцрнат политичките конкуренти.

Кампањата се води во манир на беспоштедна битка меѓу непријатели, а не како натпревар на политички конкуренти кои со своите пораки и програми се обидуваат да ја добијат довербата на граѓанките и граѓаните.

Воедно, се бележи доминација на теми со национален карактер, додека дел од политичките партии ги занемаруваат локалните теми и прашања на кои, впрочем, се однесуваат локалните избори.

ПОЛИТИЧКА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ГОВОР НА ОМРАЗА

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи и неколку случаи на употреба на деца во политичка кампања, што е спротивно на Законот за заштита на децата и добрите изборни практики. Веќе се објавени случаи за политичка злоупотреба на децата од партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ Алијанса за Албанците.

  • Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода со злоупотреба на деца во изборна кампања
  • Злоупотреба на деца и државни ресурси во (пред)изборна кампања

Во изминатите шест недели, мониторингот на социјалните мрежи бележи и околу 1.000 случаи на говор на омраза кои имаат изборен контекст, односно се препознава нивната партиска позадина.

АКО Е СПОРЕД ЗАКОНОТ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА Е И ЕТИЧКИ ИСПРАВНО

На прагот на официјалната изборна кампања, ЦИВИЛ ги повикува сите политички партии да се придржуваат кон Изборниот законик и добрите изборни практики. Изборниот законик има голем број слабости и не секогаш тоа што е дозволено со законот е и етички исправно.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности, притисоци и закани, корупција и да не подлегнуваат на дезинформациите и говорот на омразата.

ЗАБЕЛЕШКИ ОД НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ

Дел од независните кандидати, во комуникација со Цивил, изнесоа бројни забелешки за нивната положба во изборниот процес. Денеска ќе цитираме само три од повеќето забелешки упатени досега.

1) Независните кандидати на локалните избори немаат простор за маркетинг и дебата во медиумите.

2) Не постојат можности за користење билборди на ударни места во општините. Во таа привилегија уживаат само големите политички партии

3) Независните кандидати сметаат дека се маргинализирани во однос на дефинирање на бројот кој се заокружува на гласачкото ливче.

Цивил овие состојби ги бележи со години наназад и дел од препораките што досега се упатени до институциите и политичките партии се однесуваат на барањата да им се даде повеќе простор и фер можности на помалите политички партии и независните учесници во изборните процеси.

ГЛАСАМЕ – УМЕТНИЧКИ ВИДЕО СПОТ ЗА ГЛАСАЧКА СВЕСНОСТ

На 26 септември, ЦИВИЛ го објави видео спотот Гласаме. Тоа е атрактивно, уметничко видео посветено на гласачката свесност. Овој интересен видео спот е резултат на соработката меѓу организациите Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и ЦИВИЛ.

ГЛАСАМЕ! - инфо видео за гласачка свесност

КРАТКИ НОЗЕ – ЕМИСИЈА ЗА РАЗОТКРИВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

Цивил ја збогати својата продукција на медиумски содржини за дезинформациите и говорот на омразата и со интернет видео емисијата „Кратки нозе“. Првата епизода беше објавена на 24 септември и постигна извонредно висока видливост. Следното издание може да се очекува веќе од утре.

„Кратки нозе“, прва епизода: Дезинформации за пожарот во Тетово, пописот и изборите

ЦИВИЛ апелира до сите политички партии и структури да избегнуваат да бидат дел од емисијата Кратки нозе, а секако и од рубриките Дезинформации и Говор на омраза на медиумската платформа на Цивил.

ДЕБАТИ И ИНТЕРВЈУА СО КАНДИДАТИТЕ

Цивил организира дебати и интервјуа со кандидатите за градоначалници во повеќе општини низ земјата.

Денеска на програмата на ЦИВИЛ МЕДИА ќе ја проследите дебатата меѓу тројца кандидати за градоначалник на Шуто Оризари, додека веќе утре можете да ја проследите и дебатата меѓу двајца кандидати во Гевгелија.

Мораме да истакнеме дека во последен миг, дел од кандидатите се откажуваат од учество во нашите дебати.

Ги охрабруваме сите да ги прифатат нашите покани, бидејќи нашата медиумска платформа е отворена за сите подеднакво, за сите политички партии, како и за сите независни кандидатки и кандидати.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

July 9, 2025
Фото: Скриншот Вимблдон

(ВИДЕО) Рекордно 14. полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон

July 9, 2025

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија 20 години чека – а Владата на Мицкоски се оддалечува од Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk