ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори оди со слоганот „Создади нова иднина“, промашување уште од старт забележува Гордана Ацеска. Таа нагласува дека заповеден начин од глаголот создаде е создај/создајте (додај/додајте, предај/предајте).
„Промашување уште од старт. Од глаголот. Заповеден начин од глаголот создаде е создај/создајте (додај/додајте, предај/предајте).
Искрено, не ни очекував дека ќе консултираат некој стручен или барем ќе погледнат во речникот. Впрочем, како што и направија сѐ досега. Фушарски, без квалитет“, стои во објавата на Фејсбук од Ацеска.
– Државата се сака и се почитува ако го почитуваш и нејзиниот стандарден јазик, нагласува Гордана Ацеска, која е професионална лекторка по македонски јазик.
J. Ѓ.