ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Проект за јакнење на отпорноста на Ромите и нивно проактивно дејствување во кризни ситуации

September 28, 2021 13:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ромската заедница е непропорционално повеќе погодена и поранлива од пандемијата со КОВИД-19 за разлика од мнозинското население, а јавните политики за управување со кризи и заштита и спасување не соодветствуваат со реалниот општествено-социјален контекст во кој живее оваа популација, покажуваат резултатите од проект кој од мај годинава го спроведуваа Здружението ЕСЕ и четири партнерски организации во ромските заедници во општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Прилеп и Карпош.

Проектот „Унапредување и навремена реакција на маргинализираната ромска заедница во кризни ситуации преку партиципативно и проактивно дејствување“ е поддржан од канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава и наодите и препораките беа презентирани денеска на конференција на која панелистите разговараа за потребите на ромските заедници за јакнење на нивната отпорност и реакција при кризни состојби.

Борјан Павловски од Здружението ЕСЕ, координатор на програма Јавно здравје и здравје на жените, изјави дека целта на иницијативата е да се зајакне ромската заедница за да може проактивно да се вкучи во одговорот на идни кризни ситуации и непогоди од секаков вид. Преку оваа иницијатива ги утврдиле проблемите со кои се соочува ромската заедница, а влијаат негативно врз нивната можност да се справат со кризните состојби.

-Почнувајќи од неможноста за соодветна заштита од КОВИД-19, поради немање пристап до водовод и канализација, неможноста за соодветна самоизолација во домашни услови, живеењето во густо населени населби, до недоволен пристап до информации. Живеењето во импровизирани и руинирани живеалишта покрај тоа претставува значителен ризик при појава на секаков вид катастрофа. Голем дел од ромското население нема пристап ниту до примарна здравствена заштита блиску до своето место на живеење што особено е сериозен проблем за време на пандемија кога не можат да одат на преглед кај матичен лекар, да направат тест или да купат лекови во близина на живеењето. Работењето во неформалната економија во деновите на комплетно затворање во домовите и ограничените движења, значеше дека тие лица не можат да заработуваат во тие денови, рече Павловски.

Исто така и ограничениот пристап до информации, како и до компјутер, значително ја отежнува можноста на ромското население да ги искористи мерките на Владата за помош на населението во време на пандемија.

Павловски посочи дека преку проектот се формирани совети во заедницата, во кои членуваат претставници на ромските граѓански организации, на институциите на локално ниво и претставници на ромската заедница. Врз основа на добиени сознанија од заедниците и врз основа на нивното искуство, советите подготвија локални планови за јакнење на отпорноста на заедницата за да биде во можност соодветно да одговори на идни кризни состојби. Плановите претставуваат водич за тоа што треба да се направи во наредните две години и се состојат од три основни компоненти – изградба на капацитети, зголемување на поврзаноста на заедницата и негување на соработката меѓу заедницата и сите ранливи чинители на локално ниво.

Претставничка на СЗО во Северна Македонија, Џихан Тавила, истакна дека проектот ја нагласува важноста од ангажирање на заедницата, но и нејзино зајакнување за да може да одговори соодветно на мерките што се воведуваат. Но, од друга страна, рече таа, многу е важно да се слушне и нивниот глас за нивните потреби за да може тие да бидат сообразни со мерките во справување со новонастаната кризна ситуација.

-Ромите не се ранлива група сами по себе. Тие имаат ресурси во своите заедници и е потребно нивно соодветно ангажирање и ставање на едно место за да може да се слушнат потребите на заедницата, да наоѓаат соодветни решенија за сите проблеми вклучително и за кризните ситуации. Притоа, одлуките да ги носат во рамки на самата заедница. Затоа проектот вклучи создавање совети на заедницата кои ќе може да ги соберат овие ресурси и да и помогнат на заедницата односно самата заедница да си помогне себеси, изјави Тавила.

Додаде дека СЗО спроведува меѓународен проект во кој се вклучени повеќе од 50 различни популации во 40 земји, а овој проект е дел од него и е важен од повеќе аспекти, особено поради фактот што не е само оваа здравствена криза, туку и во иднина може да има други. Затоа е битно, нагласи претставничката на СЗО, да се работи со населението, да се зајакне за полесно да се справи со кризни ситуации.

Не е случајно што овој проект и СЗО го таргетираат ромското население, додаде Тавила, затоа што меѓу 10 и 12 милиони жители во Европа се Роми што е, рече, огромен дел од популацијата и не смее да бидат оставени да се справуваат сами.

Според наодите што ги соопшти Здружението ЕСЕ, ромската заедница во државава во континуитет се справува со бројни предизвици како што се сиромаштијата, домувањето, остварувањето на правото на образование и социјална заштита, како и здравствена заштита. Кај ромската популација е повисока стапката на хронични заболувања и пократок е животниот век за 10 години во споредба со останатото население.

извор: МИА

Next Post

Арсовскa вети бесплатен јавен превоз за скопјани

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk