Во дебатата на кандидатите за градоначалник на Град Скопје, организирана од „Телевизија 24“, кандидатите, покрај многубројните прашања, одговараа и на прашањате „за кого би гласале, ако Вие не сте канидат?“. На ова прашање, Перо Георгиевски – Камиказа, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, одговори „За Шилегов“.
Во продолжение целата емисија, прашањето е на 01.11 минута.
Кандидатот на политичката партија Левица Перо Георгиевски – „Камиказа“, како капитален градежен проект, на дебатата го посочи отстранувањето на корупцијата и повторно најави решавање на проблемот со недостиг на тоалети покрај Вардар.
Д. Е.