Ноќеска околу 2.15 часот во Велес убиен е полицаец А.Р откако бил прободен со нож. Убиство се случило во домот на неговата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница, објави САКАМ ДА КАЖАМ.
„Во 2.30 часот добивме повик за лице прободено со нож на улица Максим Горки број 190. Се работи за маж на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната медицинска помош Велес.
Од велешката полиција соопштија дека уапсена е партнерката со која живеел убиениот под сомневање дека го сторила убиството.
Соседите не слушнале ништо ноќва, кога е сторено убиството.
„Ништо сомнително не слушнавме, не се случуваше ниту гужва, ниту повици за помош. Тој беше полицаец, живееа заедно 4-5 години, но не беа во брак. Таа работеше во ‘Дрекселмаер‘. Тој живеел во месноста Шорка и ова му била трета жена. Ја малтретираше. Пред некој ден купија санитарија за купатило, по три дена истата беше фрлена во двор и искршена. И децата од маало му пречеа“, велат соседите.
Извор: САКАМ ДА КАЖАМ