Претходните сѐ криеа, а сега сѐ е јавно. А, кога сѐ е јавно, корупцијата не се исплати, напиша Премиерот Заев на Фејсбук.
„Исправните политики на отвореност се потврдени, повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 година во регионот. Со политичка волја, со одлучност, посветена работа и одговорност еве не веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот“, додава тој.
– Северна Македонија освои рекордни 83,43% во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми. Она што е за одбележување е дека водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата на со освоени 62% од поставените критериуми. Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата, стои во неговиот статус.