ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Завршува пописот, Шекспирова драма се одвивала пред затворот Шутка за Камчев, вакцинацијата оди во добра насока

September 30, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на давање на шанса на младите, нагласи Заев е веќе почнат секаде низ државата и на голем број раководни позиции поставивме млади кадри со што им ја доверуваме одговорноста за сегашноста и иднината на нашата држава. Денес завршува пописот, колкавав ќе биде бројот на попишани граѓани? Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата. Шекспирова драма се одвивала пред затворот Шутка поврзана со Камчев. Олеснети мерките за вакцинираните македонски граѓани за влез во Холандија и Шведска.

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ПОПИС

СДСМ не би била СДСМ ако не предводи во промените. Даваме шанса на младите, на новата енергија што бухти во нив, кај младите, на желбата и тие на свој авангарден начин да се вградат во сегашноста и иднината, истакна Премиерот Заев.

Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората.

Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Северна Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум“, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација“

На покана на претседателот Рик Даемс, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска, ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, Франција.

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата.

ПРАВДА

Многу врева за ништо, има една драма од Шекспир, вака министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостувањето во Утрински брифинг, ја коментираше вчерашната фама која поранешниот еврокомесар и поранешен специјален пратеник за верски права Јан Фигел ја направи пред затворот Шутка каде инсистирал да влезе и да го посети притвореникот Орце Камчев.

ФРОНТ

Уште претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, завчера, неслетана во Скопје за лично да нѐ увери дека ЕУ останува посветена на проширување на членството кон Западниот Балкан, од Брисел „пристигна“ анализата на Ројтерс дека тамошни високи дипломатски извори ги брифираат „заинтересираните“ дека ЕУ повеќе не е согласна за повторување на гаранциите за членството на балканските кандидати за влегување во Унијата… пишува САШО ОРДАНОСКИ/ ЦИВИЛМЕДИА

ПАНДЕМИЈА

Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Република Северна Македонија.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

РЕГИОН

Привремената бугарска влада одлучи да го продолжи рокот на попишувачите за една недела и тие ќе можат да ги посетуваат домаќинствата, зградите и домовите до 10 октомври.

Во периодот од 20 до 26 септември, 29 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца од 4 до 18 години, со регистрирани вкупно 4.026 новозаразени во конкретната старосна група.

М. М.

Next Post

Филиповски: Aктивни центри за стареење, за подостоинствени пензионерски денови

НАЈНОВО

фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

(ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk