ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Новата развојна економија на Северна Македонија ќе биде целосно подготвена и конкурентна за влез на земјата во ЕУ

October 1, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Битиќи, во рамките на форумот „Стратешки економски разговори“, кој се одржува во местото Савудрија, во Република Хрватска, покрај на утринскиот панел во кој зборуваше за стратегиите, политиките и проектите на Владата во енергетскиот сектор, во попладневните часови учествуваше на интерактивната сесија  „Економските стратегии на Република Северна Македонија во пост-пандемскиот период и напредокот на преговарачкиот процес за членството во ЕУ“, на која дебатираше со Кармен Јеитлер Синчели, член на Националниот совет (долен дом), на парламентот на Република Австрија и заменик генерален секретар на Австриската бизнис асоцијација.

Вицепремиерот во своето излагање посочи дека Владата на Република Северна Македонија во изминатиот период посветено работеше на креирање на интервентни мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

„Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот секако дека имаше ефект врз нашата економија, како што имаше и на другите економии во светот, но Владата презеде чекори кои ефикасно го ублажија ударот и веќе сега ги гледаме позитивните резултати од правовремените економски мерки. Со реализација на шест пакети економска помош, вбризгавме во стопанството 1,2 милијарди евра со што ја задржавме ликвидноста на компаниите и помогнавме да се спасат 80.000 работни места за нашите граѓани. За жал, околу 20.000 наши граѓани ги изгубија своите работни места, но имаме план истите да се вратат назад на пазарот на труд во многу кус временски период. Економските пакети за помош имаа позитивен ефект и врз движењето на БДП, па така, минатата година ја завршивме со пад на БДП од 4,5%, кој можеше да биде многу подрастчен и да изнесува над 8,7%, доколку не ги спроведовме антикризните економски пакети на мерки“, посочи Битиќи.

Паралелно со реализација на мерките за поддршка на граѓаните и стопанството, во услови на криза, Владата создаваше мерки кои што ќе стимулираат засилен развој на компаниите, со цел што поконкурентни да влезат во пост-пандемскиот период, нагласи вицепремиерот.

„Пандемијата забрза процеси кои веќе одамна се нужни да се случат во нашата економија. Еден од тие процеси е дигитализацијата, која зема голем замав. Покрај дигитализација, она што мислам дека на сите ни е јасно е дека мораме да работиме кон near shoring и креирање на додадена вредност во нашето производство. Креирање на регионален пазар кој е конкурентен е нешто што треба да се случи уште утре, кога е веќе јасно дека набавката која се извршуваше, на пример од Кина, стана неодржлив концепт, и сите мораме да работиме кон креирање на решение за овој проблем. Колку побрзо го фатиме чекорот, толку побрзо сите ќе одиме напред. Регионалната конкурентност на земјите од Западен Балкан е за доброто на сите, на сите граѓани, а секако и за бизнисот“, подвлече вицепремиерот.

Битиќи дополни дека постојано се работи на унапредување на бизнис климата и креирање на мерки со кои дополнително ќе се стимулира раст и развој на економијата и додаде дека новата развојна економија на Северна Македонија, ќе биде целосно подготвена и конкурентна за влез на земјата во Европската Унија.

„Во моментов работиме на усогласување на нашиот царински тарифник со ЕУ регулативите, нашата поддршка за странските инвестиции е исто така во согласност со европските правила, што значи само едно, предвидлива бизнис клима. Северна Македонија ја креира својата нова развојна економија која целосно подготвена ќе го дочека влезот во ЕУ“, заврши вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, зборувајќи на интерактивниот панел Економските стратегии на Република Северна Македонија во пост-пандемскиот период и напредокот на преговарачкиот процес за членството во ЕУ“, кој се одржа за време на форумот „Стратешки економски разговори“.

 

Next Post

„Кратки нозе“: Јавноста добро знае кој е автор на Скопје 2014, опозицијата да не лаже по медиуми

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk