ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски од Крива Паланка најави нова германска инвестиција во Североисточниот регион

October 1, 2021 10:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Крива Паланка се движи во вистинска насока, кон модерен град, подобро место за живеење, регионот е полн со градилиште, со крупни капитални инвестиции и со победата на Сашко Митовски, развојот ќе продолжи и по 17-ти октомври, порача на синоќешната трибина во Крива Паланка, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

На трибината беше претставен кандидатот на СДСМ за градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски, носителката на советничката листа Изабела Павловска како и кандидатите за советници.

Николовски посочи дека во изминатите четири години Крива Паланка се крена од мракот во којшто беше оставена, се реализираа капитални инвестиции во секоја област, а и во следниот период приоритет на Владата за Крива Паланка ќе бидат инвестициите.

– Со одобрение од претседателот на Владата денес објавувам дека во следниот период токму во овој регион, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка ќе се реализира голема инвестиција вредна 500 милиони евра од страна на Германска компанија која ќе изгради ветерен парк. Тоа ќе овозможи економски раст на регионот и отворање нови работни места, рече Николовски.

Според него, токму овој регион е вратата кон Европа.

– До крајот на оваа година ќе се избере изведувач за првите две фази за изградба на пругата Куманово – Бељаковце, Бељаковце-Крива Паланка 70 милиони евра грант. Следната година ќе се објави тендер за избор на изведувач за третата фаза од Крива Паланка-Деве баир. Крива Паланка, е и една од општините опфатена со проектите преку ТАВ програмата и преку владиниот проект за „Изградба и рехабилитација на локални патишта, со кој се инвестираат нови околу пола милион евра, рече Николовски.

Нагласи дека во изминатиот период во Крива Паланка и регионот е инвестирано буквално во секоја област.-Инфраструктурата за која некогаш само се говореше, денеска е преточена во план, програма и реализација. Над 100 милиони евра се инвестираа во патната инфраструктура во нашиот крај. Само експресниот пат до Ранковце е над 50 милиони евра. Не се тоа само бројки големи, тоа е реалноста која ние ја гледаме секој ден и насекаде. Нашиот народ ваков однос заслужува. Не велиме ние дека е ова доволно, не, ние велиме тргнавме и вака продолжуваме, додаде Николовски.

Го потенцираше и експресниот пат Крива Паланка – Ранковце кој се гради интензивно, се гради и третата лента од патот Крива Паланка – Деве Баир 13 милиони евра, а непречено се одвива и реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, а заврши рехабилитацијата на регионален пат Самоков – Село Добровница – Село Луке и село Крстов Дол. Вложуваме и во железничката инфраструктура.

Тој порача дека СДСМ продолжува да го развива регионот со најдобрите проекти за општините.

извор: МИА

Next Post

Темелковски: Граѓaните ме познаваат како градоначaлник кој соработува со жителите

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk