ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Никој не е принуден да прими трета доза вакцина

October 2, 2021 12:48
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Многупати кажан факт е дека вакцинацијата против ковид-19 во Северна Македонија е на доброволна ознова, исто како и најавената трета доза од вакцината на Фајзер/Бионетек, за која повторно се дадени само препораки и со ништо не е условена, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Фесјбук пост, којшто се споделува по групи кои се противат на вакцинацијата против ковид-19, дезинформира дека сертификатите за вакцина, што се издаваат по втората примена вакцина, имаат важност од шест месеци.

Ps. sertifikatot ima vaznost 6 meseci ili do slednata doza, od datumot na primanje na 2 doza. #3doza

(i taka vlecenje za usi na sekoi 6 meseci) ako odbies da ucestvuvas avtomatski gi gubis veke steknatite beneficii i si antivakser..

За разлика од некои други држави, како Хрватска или Австрија (9 месеци), кај нас сертификатот за вакцинација не е со рок на важност. Владата на РСМ го определи вакциналниот сертификат како еден од условите за влез на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено.

Во прилог на постот е прикажана и интерпретирана информација за ковид правилата во САД, со што повторно, се спинуваат информациите објавени од Центарот за превентива и контрола на болестите (CDC).

Центарот за превентива и контрола на болестите вели дека луѓето ќе бидат сметани за невакцинирани до две недели по втората доза…

Дефиницијата за целосно вакцинирани е прифатена и кај нас, но и од голем број на земји во светот, вклучувајќи ги и САД.

Луѓето се сметаат за целосно вакцинирани: 2 недели по нивната втора доза во серија од 2 дози, како што се вакцините Pfizer или Moderna, или 2 недели по вакцина со една доза, како што е вакцината на Џонсон и Џонсон. Ако не ги исполнувате овие услови, без оглед на возраста, НЕ сте целосно вакцинирани. Продолжете да ги преземате сите мерки на претпазливост додека не се вакцинирате целосно.

Пренесувањето на овие информации се дел од дискусијата по социјалните мрежи по дадена препорака од македонското Министерство за здравство одредени категории на граѓани да се вакцинираат со трета доза. Министерот за здравство, Венко Филипче кажа дека третата доза од вакцината „Фајзер“ може да ја примат без оглед на тоа со каква вакцина притив ковид се веќе имунизирани.

Тоа се граѓаните над 60 годишна возраст, согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат. Притоа, вакцинацијата ќе можат да ја направат каде сакаат.

Идентично како и кај нас и во САД треата доза на вакцина се препорачува, а не е задолжителна или ограничувачка.

Американскиот центар за превентива и контрола на болестите на својата интернет страна препорачува овие групи на луѓе да добијат трета доза на вакцина или тнр. бустер доза:

  • Луѓе на возраст од 65 години и постари
  • Граѓани на возраст од 18 години и постари во услови на долгорочна нега
  • Граѓани на возраст од 50-64 години со основни медицински состојби.

Многупати кажан факт е дека вакцинацијата против ковид 19 во Северна Македонија е на доброволна база, исто како и најавената трета доза од вакцината на Фајзер/Бионетек, за која повторно се дадени само препораки и со ништо не е условена, пишува „Вистиномер’.

Next Post

Шахпаска: Малиот групен дом во Берово е успешна приказна за децата без родители и родителска грижа

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk