ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИЗБОРЕН РАПОРТ #7: Како да не постојат протоколи за заштита од КОВИД-19, продолжуваат политичките злоупотреби на децата и црната кампања

October 3, 2021 15:30
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на изборната кампања, Изборен рапорт се емитува во живо секој ден околу 11 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Денешниот рапорт, седми по ред, опфаќа извештаи за непочитувањето на протоколите за заштита од КОВИД-19, политичка злоупотреба на деца и црна кампања. Следното издание на Изборен рапорт е закажано за утре, понеделник, 4 октомври, во 11:15 часот.

На митингот на партијата Левица за промоција на нивниот скопски кандидат, Мониторинг тимот на Цивил нотира дека присутните 40-ина присутни не ги почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19.

Левица, централен митинг, Скопје, Градски парк, 2 окт. 2021, непочитување на протоколите за заштита од КОВИД-19

Во извештајот на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ се најде и Рамиз Мерко, актуелен градоначалник и кандидат на ДУИ. Според фотографиите до кои дојде Мониторинг тимот на Цивил, тој во текот на вчерашниот ден, на средбите со граѓанките и граѓаните во Струга и неколку други населени места во општината, не одржуваше дистанца и не носеше маска.

Рамиз Мерко, Струга и околината, 2 окт. 2021, непочитување на протоколите за заштита од КОВИД-19

Исклучок претставува средбата на Мерко со организациите на жените, каде што се води грижа за протоколите за заштита од КОВИД-19, иако на една фотографија дистанцата изостанува. Сите фотографии се од ФБ профилот на кандидатот Мерко.

Соработниците на ЦИВИЛ од Јегуновце, јавуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19. Таква е средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и високите партиски функционери со граѓанките и граѓаните на село Копанце.

ВМРО-ДПМНЕ, с. Копанце, о. Јегуновце, 2 окт. 2021, непочитување на протоколите за заштита од КОВИД-19

Во извештаите на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ во категоријата Кршење на протоколите за заштита од КОВИД-19, предничат ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ, а по нив се Алијанса за Албанците. Иако во помала мерка, се бележи непочитување на КОВИД-протоколите и на настани на СДСМ.

Немаме извештаи за кршење на протоколите од независните кандидатки и кандидати на локалните избори.

Ги повикуваме сите учесници во изборниот процес да ги прочитаат протоколите 42 и 42 во кои јасно стои дека учесниците и организаторите треба да одржуваат дистанца и да носат маски на собирите. Потребно е организаторите да обезбедат и средства за дезинфекција. А можат и присутните да понесат по некое шишенце со средство за дезинфекција.

Инвестирајте во вашето здравје, користете средство за дезинфекција и заштитни маски. Одржувањето на дистанца е бесплатно!

Политичка злоупотреба на деца се нотира во извештајот за партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ во Јегуновце. На фотографиите што ги добивме од Фејсбук, споделени од партијата и нејзините симпатизери, јасно се гледа дека дел од децата имаат одредена функција на собирот.

Употребата на деца во политички и изборни цели е забрането со законот за Заштита на децата, Член 12 став 4, во кој се вели:

„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“.

Правните експерти во состав на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ оваа честа појава во изборните кампањи ја коментираат со зборовите:

„Овој став во Законот за заштита на децата подразбира општа забрана за употреба на децата во било каква форма на политичко дејствување, вклучувајќи и политичка изборна кампања“.

Згрозувачки коментари се бележат против лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, под тенденциозна објава на Фејсбук профилот Чао Заев.

Црна пропаганда, ФБ страница „Чао Заев“, 2 окт. 2021

Уредништвото на медиумската платформа на ЦИВИЛ одлучи да не ги објавува овие коментари, но тие секако се архивирани и ќе бидат ставени на располагање на релевантните институции доколку решат да преземат мерки.

Непотребно е да се потсети дека секој што администрира Фејсбук страница е одговорен за објавите, но и за коментарите. Познати се релациите и политичката афилијација на овој и сличните профили на социјалните мрежи. Тие се сведоштво дека се води организирана црна кампања во земјава.

Досега не е забележана некоја посериозна активност на релевантните институции да ја спречат црната кампања и да ги откријат изворите на финансирање и раководење со овие активности во јавната комуникација.

ЦИВИЛ смета дека е крајно време институциите да почнат да се занимаваат со својата работа и да ги исполнуваат своите законски обврски кон граѓанките и граѓаните на оваа земја, а особено кон малолетниците кои се корисници на социјалните мрежи.

ЦИВИЛ во континуитет се обраќа до јавноста и апелира до граѓанките и граѓаните да се воздржуваат од говорот на омразата на социјалните мрежи, да ги отфрлат и остро да ги осудат ваквите појави.

Next Post
МИА

Поп Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk