ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: „Нов светски поредок“ нема да прави светска депопулација

October 3, 2021 18:35
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Агенда 21 е еден од документите кои произлегоа од конференцијата на ОН за животната средина и развој одржана во Рио Де Женеиро. Во овој документ ги нема термините споменати во постот (видеото) што го рецензираме, како  „валута, војска, сувренитет…“. Агендата за развој 2030, пак, е резолуција усвоена од ОН во 2015 година, фокусирана на 17 цели кои треба да се постигнат за 15 години. Термини како „валута“, „војска“, „семејна единица“ „5 Г“, „приватен транспорт“, „авиопревоз“ и „синтетички дроги“, не се споменати во Агенда 2030, пишува Вистиномер.мк.

Вистиномер.мк рецензираше пост на Фејсбук во којшто се тврди дека на сцена настапува „нов светски поредок“ и дека, наводно, е претставена извесна „агенда на Обединетите Нации од 2021 до 2030 година“.

Рабинот Амнон Ицчак ги истакнува целите на новиот светски поредок: депопулација, крај на целиот имот во приватна сопственост, крај на семејната единица, имплантација на микрочип и поврзување со 5Г, глобален социјален кредитен систем, владата воспитува деца, нема веќе приватен превоз, автомобили само за неколку. Погледнете го видеото за повеќе информации,вели авторот на постот, инаку познат предводник на теоријата на заговор „кју“ и предводник на антивакциналните протести во земјава.

Кои се целите на Агенда 21 на Обединетите Нации, како и целите на Агенда 2030?

Агенда 21 е еден од документите кои произлегоа од конференцијата на ОН за животната средина и развој одржана во Рио Де Женаиро. Во агендата има 31 ставка која ги адресира глобалните социјални и економски проблеми, зајакнување на улогите на жените, децата и работниците, како и предложени методи за имплементација. Во овој документ ги нема термините споменати во постот (видеото) што го рецензираме, како  „валута, војска, сувренитет“.

Но, некои термини се споменуваат во документот. Како на пример, централно банкарство се споменува кога се посочува дека треба да се создадат капацитети во земјите во развој. Но, ова не е опишано како „единствена светска централна банка“. Правата на сопственост, исто така, се адресирани, ама во контекст на штитењето на правата на жените на сопственост, но не како крај на цел приватно поседуван имот.

Агендата за развој 2030, пак, е резолуција усвоена од ОН во 2015 година, фокусирана на 17 цели кои треба да се постигнат за 15 години. Тоа се:

Да заврши сиромаштијата во сите форми секаде, заедно со гладот, да се обезбеди сигурност дека ќе има храна и подобра исхрана и да се промовира одржлива агрикултура, да се оовозможи здрав живот и добросостојба во сите возрасни групи, да се осигура инклузивно и квалитетно образование и можности за доживотно учење за сите, да се постигне еднаквост меѓу половите, да се охрабрат и зајакнат жените и девојчињата, да се обезеди добар менаџмент на водата, да се осигура достапност на евтин, сигурен и модерен систем за енергија, да се промовира економски рааст, достоинствена работа за сите, да се изгради отпорна инфраструктура, да се намали нееднаквоста меѓу земјите, да се направат градовите инклузивни, безбедни и одржливи, да се преземат итни дејства за борба против климатските промени и нивните ефекти, да се конзервираат океани, мориња и марински ресурси за одржлив развој, да се заштитат терестријалните екосистеми, да се менаџираат шумите, да се промовираат мирни и инклузивни општества, да се овозможи правда за сите, да се изградат инклузивни институции на сите нивоа.

Термини како „валута“, „војска“, „семејна единица“ „5 Г“, „приватен транспорт“, „авиопревоз“ и „синтетички дроги“, не се споменати во Агенда 2030. Има референци за еднакви права и достап до земја и други форми на сопственост за сиромашни и ранливи жени и мажи, универзално здравствено покривање кое ќе осигура ефтини вакцини за сите. Но, Агендата 2030 не претпоставува глобален суверенитет над овие прашања, како што се тврди во постот.

Нема докази дека ОН ќе етаблираат „една светска влада“ со една војска и валута. Даниел Грос, портпаролка на генералниот секретар на ОН, за „Ју Ес Еј Тудеј“ посочи дека тврдењето е  фабрикувано.

Не, ова е лага. Ова не е документ кој е создаден од ОН, напиша Грос.

Авторот на извештај за конспирациски теории поврзани со Агенда 21, Хајди Беирихм за АФП Австралија изјави дека ова е десничарска теорија на заговор.

Освен тоа, Агенда 21 и Агенда 2030 не се правно обврзувачки! Агенда 2030 е предмет на секоја посебна земја и нејзините индивидуални заложби, нејзините индивидуални развојни политики, програми и развој.

Поради горенаведените факти, оценуваме дека не е вистина дека „нов светски поредок“ има намера да врши светска депопулација, да воведе крај на целиот имот во приватна сопственост, крај на семејната единица, имплантација на микрочип и поврзување со 5Г, глобален социјален кредитен систем, владата да воспитува деца, дека ќе нема веќе приватен превоз и дека автомобили ќе има само за неколку.

Next Post

Бомба кашикара фрлена во дворот на куќата на Габриел Бајрам

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk