Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, одби да присуствува на дебата на Макфакс и А1он со другите кандидати за градоначалник на Град Скопје, пренесува А1он.
Иако е право на секој кандидат како ќе се однесува во текот на кампањата и избор каде ќе настапува, сепак очигледно е дека Арсовска засега избегнува директно соочување со другите кандидати, посебно со актуелниот градоначалник, велат од А1он.
И кандидатот на Левица, Петар Георгиевски Камиказа иако првично ја прифатил, потоа ја одбил поканата за соочување со другите кандидати за градоначалник на Скопје.
Претходно и Борче Јовчески кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, со соопштение до медиумите ги откажа сите ТВ дебати со противкандидатите, иако како што вели добил повеќе покани од медиуми од Скопје.