Ванчо Шехтански се однесува како банкар во политиката, ви ги изнајмува печатите, ви ја изнајмува партијата и вие треба да му донесете гласови, истакна Васко Ефтов во синоќешната епизода на емисијата во Центар во која што гостин беше Гоце Цветковски, активистот на движењето „Бојкотирам“, истовремено кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ТМOРО.
– Бев во Левица ама ме замрзнаа… Бидејќи сум човек што не премолчува и не знае да не ја зборува вистина. Левица е конзорциум на седум луѓе меѓу кои еден е Апасиев. Иако јас би сакал да биде вистински претседател, Апасиев има само титула на претседател, рече Цветковски запрашан на која партија бил член.
Од тие седум луѓе во Левица, четворица имаат ставови што се спротивни на фактите. Абе Димитар, ме замрзнаа од Левица му реков, на што Апасиев одговори дека знаел, но бил немоќен зошто таму имало гласање, истакна Цветковски. А на прашањето зошто бил замрзнат одговори дека од Левица не ја знаеле историјата, не биле запознаени со фактите, при што тој бил автоматски „замрзнат“ во дванаесет часот истата вечер.
Цветковски побарал поддршка од Левица за неговата кандидатура за градоначалник но тие не му ја дале, и тој е видно разочаран.