ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Трета доза може да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

October 4, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Препораката од Комитетот за имунизација е да освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, кажа министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми.

Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани.  На територија на цела државата од вкупното населени, 38,2 % примиле една доза вакцина. Според општини, најмногу вакцинирани – со две дози над 18 години: Вевчани 72,3%; над 60% Гевгелија, Демир КАпија, Кaвадарци, Неготино, Охрид; Над 55% – Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово; Под 30% Липково, Македонска Каменица, Ново Село.

Во моментов располагаме со 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината Астра Зенека. Почнувајќи од денеска вакцинацијата во главниот град се довива во 7 те Поликлиники и тоа во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари. Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза.

Последната анализа на бројот на позитивни, хоспитализирани и смртни случаи од вакцинирани уште еднаш го потврдуваат фактот за ефикасноста на вакцините. 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани, дури 85% од смртните случаи во период од 6 август до 26 септември биле невакцинирани.

 

Next Post

Шилегов: Со Скопје Смарт Сити, Скопје станува град без шалтери!

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk