Следната голема иновација во домашното готвење може да биде уред што 3D-печати месо и го готви со ултра-прецизни ласери. Тоа е долгорочна визија во Лабораторијата за креативни машини на Универзитетот Колумбија, инженерска група која користи увид од биологија за истражување и развој на автономни системи кои „создаваат и се креативни“. Инженерите поминаа години работејќи на дигитализација и автоматизација на процесот на готвење, информира „Big think“.
Готвење со ласери
Ласерскиот систем за готвење ја загрева храната со зрачење, како микробранова печка. Во експериментални услови, ласерите веќе се користеа за готвење храна, но им беше тешко на истражувачите точно да ги контролираат ласерите да ја готват храната рамномерно и до оптимални температури. Неодамнешната студија имаше за цел да го реши прецизниот проблем со софтвер. Прво, истражувачите измешаа сурово пилешко (со отстранети тетиви) во процесор за храна, го вметнаа во шприцеви и отпечатија тенки, повеќеслојни парчиња пилешко.
Потоа, тимот ги изложи облиците на пилешко со големина на котлети на три вида ласери: сини ласери, блиски инфрацрвени ласери и средни инфрацрвени ласери. Овие три типа на ласер работеле на различни бранови должини, но сите ласерски зраци биле со дијаметар од само милиметри, што овозможило прецизно доставување на зрачењето. За да се оптимизира готвењето, тимот користел софтвер за емитување на зрачење во различни модели.
Иднината на уредите за готвење со ласер
Технологијата за печатење храна и готвење со ласери постои денес, но не во рамките на само еден апарат. Една пречка во развојот на таков апарат за потрошувачите, надвор од достапноста и приспособливоста, е дизајнирање оној што е едноставен за употреба како и вообичаените уреди, како микробранова печка или пржење на топол воздух. Друга пречка е прилагодливоста. Лабораторијата Creative Machines замислува иднина во која луѓето не само што можат да печатат и ласерско да готват јадења со притискање на копче, туку и да користат софтвер за да креираат и споделуваат нови рецепти, можеби оние што се невозможни или непрактични со конвенционалните техники за готвење. За тоа ќе биде потребен компјутерски дизајн, еден вид Photoshop за готвење дома, со други зборови.
подготви: Миткоска Марија