ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Задња шанса…

October 5, 2021 17:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

На сите на кои им е потребна изборна кампања, задоволување на душите и полнење на суетите од ветувањата на кандидатите за градоначалници на општините, од местата на собирите и митинзите, испорачани преку гласните озвучувања, всушност, не им треба градоначалник. Им треба партиски послушник. За таквите никогаш не е добро оноа што претходните го направиле и сè уште го прават и е во нивни интерес.

Не. Овие гласачи и нивните кандидати знаат сè што грешеле претходните. Тие знаат и повеќе што е тоа што ним им треба. Тие ќе ветат сè, па и патување во Вселената, за да седнат во удобните фотелји од каде ќе ги извршуваат партиските задачи – бркање на вработените од претходните партиски функционери, вработување на нивните, и, колку е можно повеќе пари од проектите и тендерите на општините да се слеваат во партиската каса и џебовите на функционерите…

Банални и дегутантни ми се изборниве кампањи. Клишеа кои со децении се повторуваат и немаат цел да го информираат гласачкото тело за постигнатото, за направеното, туку, да го индоктринираат. За дваесетина денови да го убедуваат во нешто што е очигледно направено. На пример, ако жителите на општините Бутел, Гази Баба, Чаир, Ѓорче Петров и секако Скопје, не ги гледаат делата на актуелните градоначалници, ним, и ѕвездите да им ги симнеш од небото, на сите да им ги наполниш шпајзовите со туршија и друга зимница, пак ќе бидат незадоволни, всушност намерно слепи. Тие не ги гледаат делата на градоначалниците кои се од противничкиот политички табор. Тој може да направи сè, ама нема право да биде повторно градоначалник.

Сите ветуваат сè, малтене ко да се Богови односно арапски милијардери и од општините ќе направат оази на живот многу подобар од претходните, односно постоечките. На таквите им се потребни вработувања на блиските, а не булевари, тротоари, чисти улици, урбанизирани средини, решавање на инфраструктурните потреби во нив. Ним, не им е важно тоа што и Петре Шилегов, и Велимир Смилевски, и Борче Георгиевски, и Александар Наумоски од првиот ден се во кампања, дека од првиот ден од преземањето на функциите се во акција, во секојдневна неизборна акција, од која се гледаат вистински резултати. Само заслепен партиски верник ќе верува на противкандидатите на овие градоначалници дека тие ќе направат повеќе. Никој друг…

Немам намера нив да ги убедувам, тие се индоктринирани од густината на влакната на градите кои после секое депилирање со шаките им се згуснуваат и веруваат дека подобра алтернатива за државата и за општините од ДПМНЕ нема. Тие се заслепени од идеологијата на ВМРО, која, политичката партија ДПМНЕ ја претвори во смртоносно оружје против Македонија…

Ич не ми се допаѓаат изборниве кампањи. Не само што ми се досадни, туку ме одбиваат, ме разочаруваат, и од едните и од другите, од сите. Ниту една нема да ме предомисли во мојата констатација за позитивноста на споменатите кандидати за градоначалници, односно за последната шанса која ја заслужуваат сите кандидати на СДСМ. Нема да имаме друга шанса после овие октомвриски избори во конечната битка против најголемото зло во државава, против ДПМНЕ. Ниту еден говор со „ЌЕ ова, ЌЕ она“ нема моќ да ме разубеди во констатацијата дека и тие и ние, единствената шанса треба да ја побараме во гласањето за кандидатите на СДСМ, (имам симпатии кон одредени независни кандидати, ама во прашање е државата). Ова не е партиски памфлет, порака на која треба оргазмички да свршуваат споменатите, да се мрштат и да ме пцујат другите, ова е апел до СДСМ и Заев, дека овие избори и за мене и за нив и за државата, треба да ги сметаат за ЗАДЊА ШАНСА. После тоа нема више заебанција…

ПС. Старите скопјани знаат што значи „Задња шанса“… Тенкју…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk