ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ги усвои измените на шестте клучни закони за процесот на дигитализација

October 5, 2021 17:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница ги усвои измените на законите за личната карта, за матичен број, за државјанство, за личното име, за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, со измените се овозможува граѓанинот да може да поднесе барање и преку средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Вооедно, потребните документи кои се потребни во постапката, институцијата ги прибавува по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

– Наведените закони, како прв дел од пакетот измени, ќе овозможат целосна електронска комуникација на сите нивоа и помеѓу сите субјекти во правниот промет, на начин што овозможуваат употреба на средства за електронска комуникација и електронска идентификација. Дополнително, овие закони овозможуваат електронско обезбедување на административни услуги, од поднесокот на барањето, до издавање на актот со кој завршува постапката. Во истиот контекст, наведените процеси имаат за цел дигитализацијата на процесите за кои се надлежни институциите од јавниот сектор  и намалување на доказите кои граѓаните и бизнисите ги доставуваат во постапки за остварување на права или исполнување на обврски пред надлежни органи. Имено, процесот на дигитализација, како механизам за спречување на корупција ќе обезбеди намалување на човечкиот фактор, односно намалување на субјективното влијание на службениците кои ги водат постапките, информира Кабинетот.

Овие измени, како што се додава во соопштението, се резултат на интензивната работа на Работната група за подготовка на измени и дополнувања на закони заради дигитализација на процеси определени со закон.

извор: МИА
Next Post

Попладневен преглед: Бугарија не гледа потреба за промена на ставот кон нас, придонеси за нововработените млади од државата, Шилегов со нов план

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk