ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Бугарија не гледа потреба за промена на ставот кон нас, придонеси за нововработените млади од државата, Шилегов со нов план

October 5, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија не го менува ставот во врска со блокадата за Северна Македонија. Младите во 2022 година ќе имаат поголеми поволности при вработувањата, дури и оние кои немаат искуство. Арсовска е слаба со математиката за 250-те автобуси што ги вети на Скопјани. Се зголемува бројот на вакцинирани и ревакцинирани.

Најавуваме за 2022 година, за секој млад човек што ќе тргне на работа, државата ќе ги плати придонесите и ќе има дополнителни стимулации. Само да тргнат на работа. Тие што немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство директно од компаниите каде што ќе бидат ангажирани за да створат своја пракса, да имаат свои практични вештини за да можат на крајот да ги имаат сите опции, истакна Заев.

Злоупотребата на постапката за изборот и акредитирањето на амбасадорите од страна на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Парламентот навистина претставува крупен проблем за државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата.

Иднината на ЕУ и на Западен Балкан се неразделно поврзани, поради што предизвиците, како што е прашањето на справување со пандемијата, мора да бидат надминати преку заеднички и унифициран пристап, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Независната“ кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, упорно не сака да и одговори на јавноста колку ќе чинат нејзините ветувања за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси, велат од СДСМ-Скопје. На граѓаните веќе им е јасно дека Данела Арсовска нема конкретни одговори, затоа што нема конкретни проекти за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси.

Ако е потребно, ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со вчерашното предупредување на преработувачите дека храната драстично ќе поскапи.

Градоначалникот на Град Скопје го претстави планот, на сите скопски кандидати на коалицијата на СДСМ, за задржување на младите во Скопје, за среќни деца и родители, за просперитетни млади и студенти. Од 150 до 200 евра помал годишен трошок за родителите со дете во градинка или училиште, двојно за оние со две, истакна Шилегов.

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова смета дека во моментов нема причина за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија, и покрај сериозниот притисок врз кој Бугарија ќе биде подложена од нејзините европски партнери на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре во Брдо кај Крањ, во Словенија.

ФРОНТ

Сè тече, само ние не се менуваме. Сè само со инаети и пизми. Меѓупартиски контри, подметнувања, обвинувања, клетви. Во изобилија дури и на деновите јубилејни. И на 30-те години на Втората македонска република и 20-те на Рамковниот. Исто и за пописот, за таа само уште кај нас политичка или еве и политизирана операција, за изборите, исто и за несреќата исто и за модуларната… пишува: ЗОРАН ИВАНОВ / ЦИВИЛ МЕДИА

Отровни стрели до вчера, прегратки денеска, а утре? Краток видео прилог за променливите „расположенија“ во политиката.

ПАНДЕМИЈА

Направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти, а починати се 17 лица.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 96 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 4 октомври вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96 граѓани.

М. М.

Next Post

„Кратки нозе“: Ги разоткриваме лагите на Латас за проектот Скопје 2014

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk