ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади, ќе има и плус стимулации, само порано да тргнат на работа

October 5, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Најавуваме за 2022 година, за секој млад човек што ќе тргне на работа, државата ќе ги плати придонесите и ќе има дополнителни стимулации. Само да тргнат на работа. Тие што немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство директно од компаниите каде што ќе бидат ангажирани за да створат своја пракса, да имаат свои практични вештини за да можат на крајот да ги имаат сите опции. Да продолжат со работа, да отворат свој бизнис или да учествуваат во некои други глобални економски тенденции“, истакна премиерот Заев на денешната прес-конференција на која заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров ги презентираа предлог-мерките за забрзан раст на македонскиот стартап екосистем.

Притоа, премиерот Заев посочи дека Владата сериозно помага, развива механизми и модели преку комерцијалните банки за да биде најден соодветен начин и модел кој ќе  биде решение за секој оној којшто има своја иновативна идеја за да ја преточи во проект, во погон, во фабрика, во производство, во услуги, со цел успешна иднина на младите луѓе, кои ќе бидат свои газди.

„Северна Македонија ја правиме одличен пример во регионот во стартап можностите и во иновативниот и технолошкиот севкупен развој на државата. За останатите млади имаме огромна побарувачка на квалификувани кадри од приватниот сектор, конечна цел ни е од 2022 година сите млади до 29 години да бидат ангажирани“, рече премиерот Заев додавајќи дека државата подготвува мерки со цел младите порано да бараат и стекнат работа, веднаш по завршувањето на средното или високото образование.

„Конечна цел ќе ни биде ангажман на сите млади. Целта на опаѓањето на невработени млади од 42% на 29% во моментот ќе продолжи како тенденција до 2024 година, да обезбедиме помалку од 17% невработеност на младите. Тоа не е бројка само како гола флоскула туку важно е што се вградува еден сериозен енергетски капацитет во државата во економскиот систем кој ќе движи“, оцени премиерот Заев потенцирајќи дека сето ова носи мултипликативни ефекти за целата економија, за целото стопанство.

Тој подвлече дека државата работи и ќе помага на повеќе т.н. ленти: „Една се стартапите, секој да направи чекор, да се охрабри, а другите да бидат директно ангажирани уште во рана младост за да може државата да ги поттикне со плаќање на придонесите комплетно за првите години од нивниот ангажман.“

Дополнително, подвлече премиерот Заев, ќе бидат обезбедени стимулации за размена на искуство и развојот на практичните вештини и практиканството коешто им е многу потребно на младите луѓе коишто теоретски се образувале, завршиле образование, но за да бидат конкурентни на пазарот на трудот, директно ќе бидат помогнати од државата.

Next Post

Шилегов: Од 150 до 200 евра помал годишен трошок за родителите со дете во градинка или училиште, двојно за оние со две

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk