ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шекеринска од Ресен: Заев потврди дека зборот е збор и решава спорови со заштита на нашиот идентитет

October 6, 2021 22:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Самитот во Словенија добивме две потврди, две вистини кои ќе ги повторуваме, кажа Радмила Шекеринска од партиската трибина на СДСМ во Ресен. Таа кажа дека се потврдило дека државата, Владата и граѓаните го исполниле своето.

-Сите земји повторија дека Република Северна Македонија го исполни ветеното, ги испорача реформите и дека останува само ЕУ да го испорача своето, кажа Шекеринска.

Таа додаде дека се потврдила уште една работа, односно дека оваа Влада останала на својот збор.

-Нашиот македонски премиер Заев остана на зборот. Останавме на тоа дека зборот е збор кога рековме дека ќе ги решаваме проблемите, но не на сметка на нашиот идентитет и достоинство. Знаеме да дојдеме до решение, но и да кажеме „не“ кога не е во согласност со нашите вредности. Интересите на државата ќе ги чуваме во секој момент и сето тоа што го сработевме беше за нашиот народ и нашата држава. Северна Македонија го заслужи својот европски пат и ќе го обезбеди тоа што го заслужува, порача Шекеринска.

Преспа од занемарен стана европски центар затоа што инвестираме во иднината, а не во стиропор

Во најтешките моменти за Преспа и Ресен луѓето знаеја дека одлуките што се носат на избори не се само одлуки од кампања од 20 дена, туку дека тоа се одлуки што не носат во наредните четири години, рече Радмила Шекеринска од партиската трибина на СДСМ во Ресен. Таа додаде дека коалицијата предводена од СДСМ покажува дека е најбогатата коалиција, со луѓе со различни искуства и од различни партии, обединети да го понудат најдоброто што го имаат.

-Преспа и Ресен тргнаа со многу проблеми, целиот регион беше комплетно занемарен, заборавен, а сега Преспа е најевропскиот регион во нашата држава. Нема европски претставник што не бил тука, а не рекол дека се чувствува духот на заедништво. Фондовите на ЕУ што локалната самоуправа ги користи се пари, шанса за решавање проблеми, но исто така фондовите се тука заслужени затоа што жителите на Ресен ги живеат европските вредности, кажа Шекеринска.

Таа истакна дека Владата и локалната самоуправа активно работеле заедно и затоа оваа силна динамика мора да продолжи.

-Презедовме обврска да не ги трошиме парите на барок и стропор, туку донесовме решение да ги инвестираме во граѓаните. Односно да ги покачиме за шест илјади денари минималната и просечната плата и продолжуваме со политиката парите да се враќаат кај граѓаните. Заедно со порастот на платите решивме да се качуваат и пензиите и социјалната помош. 430 милиони евра насочивме кон земјоделците, а само со МојДДВ вративме 36 милиони евра директно кај граѓаните, потсети Шекеринска.

Next Post

Анастасов од Пробиштип: До 2023-та јаловичната депонија ќе биде затворена и ќе никне фотоволтаична централа

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk