ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќучик: Многу брзо е можен успех, ако Скопје и Софија продолжат со позитивната соработка

October 6, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последниве месеци Северна Македонија и Бугарија изградија неколку позитивни примери за соработка и ако се продолжи во таа насока, многу брзо ќе биде постигнат успех, изјави копретседателот на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), европратеникот Илхан Ќучик.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на средбата со премиери и министри на земји членки и со претставници на Унијата, членови на АЛДЕ, пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, Ќучук оцени дека „внатрешната политика може да го ограничи просторот за маневрирање во надворешната политика“ кога станува збор за односите меѓу Скопје и Софија, но сепак изрази надеж дека се надева оти билатералниот спор помеѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде решен што е можно поскоро, за да не се попречува целиот процес на проширување на ЕУ.

Учесниците на средбата повикаа на целосна интеграција на земјите од регионот во ЕУ до европските избори во 2029 година.

Ќучук оцени дека „внатрешната политика може да го ограничи просторот за маневрирање во надворешната политика“ кога станува збор за односите меѓу Скопје и Софија, но сепак изрази надеж дека билатералниот спор помеѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде решен што е можно поскоро, за да не се попречува целиот процес на проширување на ЕУ.

На средбата на либералните лидери е оценето дека Самитот во Брдо кај Крањ се одржува во време „на стагнација во процесот на проширување на ЕУ, бидејќи Бугарија и Северна Македонија се уште не постигнале компромис за спорните прашања“, но и во услови на тензични односи помеѓу Косово и Србија, кои „одново потсетија колку е кревок мирот во регионот“.

На состанокот со Ќучук присуствуваа премиерите на Белгија, Александар де Крој, на Естонија, Каја Калас, на Ирска, Мишел Мартин, на Луксембург, Ксавиер Бетел и на Холандија, Марк Руте, францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, претседателот на Европски совет Шарл Мишел, еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ и првиот човек на Европската инвестициска банка, Вернер Хојер.

АЛДЕ претходно усвои политички документи кои повикуваат на целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, врз основа на индивидуални заслуги и исполнување на критериумите од Копенхаген.

Next Post
фото: СТАР

Петицијата за промоција на правата на сексуалните работници -мигранти е сѐ уште во тек со поддршка од над 100 граѓански организации

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk