Душко Весковски од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во емисијата „24 анализа“ рече дека прво што ќе направат во текот на утрешениот ден ќе биде потпишувањето на официјалниот договор за изградба на салата Партизан во Карпош 4, со 80 милиони денари, пари обезбедени од државната сметка на владата.
– Овој спортски центар повторно ќе го вратиме на карпошани. Ветувањата кои ги имавме пред четири години на овој центар беа заглавени со правната процедура каде имаше приватен инвеститор, а подоцна вратен во државна сопственост.
Општината немаше сретства сама да го изгради. Дополнителни 40 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на спортски базен. Големиот парк е биде наш прв проект реализиран до 2023 и со површина од 60 000 м2.- вели Весковски.