ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дувњак: Истрагата мора да заврши до крај, за да не ни се повторат нови трагедии

October 7, 2021 10:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Темата на денешната рубрика на Утрински брифинг посветена на тоа дали има или нема правда на која редовен гостин-коментатор е новинарката Гордана Дувњак беше Извештајот на Обвинителството за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој пак беше основа за тоа дали премиерот Зоран Заев ќе ги прифати оставките на министерот и неговиот заменик или пак нема.

-Според новиот закон, Обвинителството е главен диригент на истрагата, она што порано го работеа истражните судии сега го работат обвинителите. Тие работат на прибирање докази заедно со МВР и од истрагата потоа зависи дали ќе има или ќе нема обвинение. Интересно е што ова е само првичен извештај од форензиката на МВР, и треба да се знае дека истрагата не е завршена, па оттука зачудува што премиерот избрза со одлуката во врска со оставките. Допрва треба да стаса и вештачењето од германските експерти и да се направат анализи, вели Дувњак.

Обвинителот Бесим Алиу вчера рече дека овој извештај е само еден сегмент од наодите што е објавен под притисок на јавноста.

-Затоа е чудно ова избрзување што го покажува власта. Се разбира дека никој не верува дека министерот Венко Филипче го вклучил штекерот или неговиот заменик од пазар го купил продолжниот кабел. Но, сѐ уште остануваат многу отворени прашања, вели Дувњак.

Всушност, нервозата се крена нецели 10 часа по трагичниот настан и преку социјалните мрежни, но настанот најмногу го користеше опозицијата со морничави изјави дека гореле живи луѓе и слично, па очекувано е Обвинителството да е под притисок.

-Станува збор за сложена истрага. Одделот за организиран криминал досега  набави 5.000 документи од тендерската документација за набавката на модуларните болници. Верувам дека обвинителите се под страшен притисок и дека јавноста очекуваше да излезат со првични наоди. Но, истрагата треба да биде темелна. Затоа што има и други 18 модуларни болници во државата и прашање е дали се тие безбедни. Дали функционираат системите за рана детекција на пожари. Пожари секаде има во светот, но јавноста добро знае дека по 30 вакви слични пожари низ светот Европската комисија донесе безбедноси протоколи и истрагата треба да го провери тоа, коментира Дувњак за Утрински брифинг.

Исто така, и јавноста е нервозна и врши притисок. Кога се градеа болниците јавноста повторно беше нервозна зошто сѐ уште нема болници и зошто долго се градат. Обвинителот Алиу се обиде да укаже дека има премногу околности во овој случај за да се дојде до квалитетна разрешница, а истовремено постои притисок веднаш да се најде виновник.

-Ова е настан од висок приоритет но не треба да се злоупотребува, особено не во предизборна кампања, оти моментот е многу сензитивен. Опозицијата сака да го искористи во кампања за да покаже дека власта е неспособна, власта не сака да признае дека нејзини челни луѓе носат вина. Во суштина треба да воспоставиме систем на одговорност во државата, да се знае што е кривична, политичка или морална одговорност. Ние пак, воведуваме некои балкански кованици – понудена па неприфатена оставка и сл. Морална оставка е личен чин и кога е изнудена не е искрена, вели Дувњак.

Таа додава дека има впечаток оти овој период имаше многу грешки, неснаоѓања и за ковид-кризата и за модуларните болници – прво имаа па немаа дозвола за градба оти не е потребна. Дувњак смета дека треба да се внимава и на изјавите кои може да бидат лесно запалливи и на лажните информации кои се премногу присутни.

Македонија е земја во која малку се извлекуваат поуки од вакви работи, сите зборуваат за оставки, а речиси никој за тоа што научивме од овој пожар што примарно треба да нѐ интересира.

-Да се сетиме само на поплавите. Кај нас е секое чудо за три дена. Постои една ноншалантност која е разочарувачка. Во секоја работа е вклучен човечки фактор и личната одговорност. Секој кој не се води од лични и партиски интереси, оти и некој наш близок човек можел да настрада, би имал поинаква реакција, заклучува Дувњак за Утрински брифинг.

Извор:  Утрински брифинг

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

May 14, 2025

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk