Во емисијата ДИСТРИКТ на ЦИВИЛ Медиа интервју на Зоран Иванов со Ерол Ризаов. Ризаов e долгогодишен новинар, уредник, добитник на наградата на ЗНМ за животно дело.
Тројца претседатели на држава и првиот човек на МАНУ на едни место – предизборно случајно или смислен „пакет“; Дали, кога, која од партиските елити и зошто скршна од македонскиот развоен пат во изминативе три декади; Преспанскиот – што доби, што загуби Македонија, а што Грција; Македонско – бугарските актуелни релации, ќе ја крене ли набрзо Софија ЕУ рампата; Од европски Брисел за нас и морковот и стапот, што за Бугарија; Македонската мултиклултура – уште колке е далеку од проекцијата „Едно општество за сите“.