ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска во посета на домашната компанија „Везе Шари“ со искуство на НАТО пазарот

October 12, 2021 15:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја посети компанијата „Везе Шари“ каде на средба со нејзиниот сопственик, Арбен Абдурахмани разговараа за начините како државата да продолжи да им помага на производителите кои со членството во НАТО треба да бидат поамбициозни, да го зголемат производството, а со тоа да отворат и нови работни места.

– Оваа домашна компанија покажува дека е возможно да се пробиете на НАТО пазарот дури и пред државата да стане членка на НАТО Алијансата. Заедно со сопственикот, нашиот реномиран бизнисмен од „Везе Шари“, зборувавме дека постојат начини како државата и понатаму може да им помага на ваквите производители со нашето членство во НАТО да бидат поамбициозни, навистина да отворат нови врати и да овозможат поголем износ и поголемо производство, а тоа значи и повеќе работни места дома кај нас. Тоа е целта на нашиот Центар за поддршка на домашните компании, изјавила министерката Шекеринска.

Таа уште еднаш ги повика домашните компании да се пријават, да ги искористат предностите кои што им се даваат, а тоа е пред сè една брза и ефикасна процедура.

– Покажавме дека за само неколку дена можеме и официјално да им ги отвориме вратите на НАТО пазарот и со квалитетот на своите производи, со конкурентната цена да победуваат на овие тендери, рече министерката, се наведува во денешното соопштение од МО.

Шекеринска упатила порака дека Владата е целосно отворена кон агро-бизниснисот и оти ќе продолжи да помага на сите домашни производители да го рашират бизнисот и да отворат нови работни места.

Таа упатила и честитки за досегашниот успех на „Везе Шари“ и додала дека искуството на оваа компанија треба да биде поттик за сите домашни компании да бидат уште поуспешни во своето работење.

– Ова денеска што го видов зборува за веќе две децении ангажман дома и искуство во странство. Во домашното производство и ние како Влада со поддршка можеме да инвестираме, а домашните производители дефинитивно можат да ни го покажат правецот и да ни дадат дополнителни идеи, истакнала меѓу другото министерката.

Директорот на „Везе Шари“, Абдурахмани го поздравил пристапот на Министерството за одбрана, што овозможува нашите компании да може да извезуваат на НАТО пазарите и ги охрабрил сите бизнисмени да се пријават и да бидат уверени дека домашните компании имаат капацитет да ја снабдуваат Алијансата.

– Го поздравувам пристапот на Министерството што овозможува на нашите компании да може да извезуваат на НАТО пазарите и ги охрабрувам сите бизнисмени дека не е толку тешко за да можеме да го снабдуваме НАТО. Ние како компанија уште во 2013 година имаме дозвола за снабдување во НАТО со нашите производи и овој чекор кој го презема Министерството е многу добар и се надевам дека што побрзо повеќе компании ќе ги гледаме на листа на НАТО пазарите, изјавил Абдурахмани, стои во соопштението од МО.

извор: МИА

Next Post

Сугарески: „Проект 72“ - платформа за решавање на граѓанските проблеми за 72 часа (ВИДЕО)

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk