ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Со успешно завршениот попис одржавме европска лекција за одговорниот пристап на граѓаните кон оваа статистичка операција

October 12, 2021 22:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, во интервју за ТВ Алсат-М истакна дека успешно завршениот попис е европска лекција за одговорниот пристап на граѓаните кон оваа статистичка операција и дека прифаќањето на резултатите веќе е потврдено со искажувањето волја на огромното мнозинство граѓани да се попишат.

„Сите граѓани се попишаа. Демократија е, граѓаните го дадоа конечниот збор. Во Бугарија пописот заврши со 82 проценти попишани граѓани, а кај нас се попишаа 99%. Бугарија е европска земја, ние сме земја-кандидат за членство во Европската Унија. Држиме лекција од секој можен аспект, затоа што добро ги поставивме основите“, вели премиерот Заев.

Тој оцени дека по 30 години, кога цело време се создаваа политички тензии, новата Влада која тој ја предводи покажа дека води исправни политики, кои носат резултати, а граѓаните умеат да ги препознаат и да ги отфрлат политиките кои се водеа претходните години само заради власт, заради пари и владеење.

„Суштината е во начинот на градењето на политиките. Еве денеска, имаме успешен попис, завршивме голема работа. Ќе можеме соодветно да планираме во државата. До сега во магла се планираше. Ќе знаеме колку деца живеат во еден регион и ќе инвестираме во градинка, нема да имаме тениски игралишта којшто никој не ги користи“, оцени премиерот Заев.

Очекувам парламентарното мнозинство да порасне во следните месеци

„Не мислам дека ќе има ново мнозинство без СДСМ, како и да ги вртите бројките. Мицкоски тоа го зборува пред сите избори, а ние имавме и гласање за доверба на влада со што потврдивме дека е стабилно мнозинството и тоа може да расте. Има пратеници со кои се разговара, ние тоа го правиме на природен начин преку делење на иста филозофија, проекти, делување и верба во иднината на државата. Очекувам парламентарното мнозинство да порасне“ рече премиерот Зоран Заев во неговото интервју на Алсат ТВ.

Тој додаде дека исто така очекува и чиста победа на престојните локални избори со освоени поголем број на градоначалници, вклучително и Град Скопје, поголем број на советници, како и поголем број на вкупни гласови.

„За да биде јасно дека ќе победиме, во Источна Македонија, во изборната единица 3 ќе победиме 90 наспрема 10 отсто.  Остануваат борбите во помалите рурални средини, но и таму верувам дека можеме да победиме. Ова не е нешто што верува Заев, Мицкоски или другите политичари, туку граѓаните веруваат во тоа“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека СДСМ и коалицијата ги понудле најдобрите кандидати и најдобрите понуди и поради тоа верува дека, иако не со голема разлика, сепак победата преточена во бројот на советници и бројот на гласови ќе биде јасна.

Премиерот Зоран Заев, во интервју за ТВ Алсат-М, истакна дека Владата внимателно ги следи економските и енергетските трендови во светот, и дека државата има доволно капацитети и сите финансиски ресурси стојат на располагање на граѓаните и на економијата.

„Имаме искуство од справувањето со кризата од пандемијата и знаеме кога и од каде да алоцираме и да обезбедиме финансиски средства доколку има потреба. Прв приоритет е нашиот народ, потоа јавниот здравствен систем, а потоа и приватниот сектор којшто треба да ги обезбеди платите за вработените“, нагласи претседателот на Владата, Зоран Заев.

Сѐ е ставено во функција на народот, рече Заев во емисијата на ТВ Алсат-М, и додаде дека политичкиот профил на оваа Влада е дека таа постои за граѓаните.

„Стабилна е ситуацијата и тука сме да помогнеме. Во моментот имаме сопствени резервоари на пари. Во овој момент имаме преку 50 милиони евра за да интервенираме ако биде потребно. Во РЕК Битола ги активираме капацитетите на третиот блок за да имаме домашно дополнително производство на струја која не може да чини повеќе од 40-50 евра, а цената на пазарот оди и до 220 евра на берзите“, посочи премиерот Заев.

Во однос на најавите за раст на инфлацијата, премиерот Заев потенцираше дека таа е контролирачка со монетарната политика на Народната банка и со фискалните политики и мерки на Владата.

„Ние сме отворена земја со пазарна економија и тоа што ќе се случува во светот, ќе се случи и кај нас. Но, тоа што треба да го знаат граѓаните е дека како што испорачувавме претходно, така ќе испорачаме и сега. Ќе креираме политики, ќе ги активираме државните резерви, тука е и инструментот репрограмирање на Буџетот за да интервенираме таму каде што ќе биде потребно, како што ги помогнавме економските последици од пандемијата“, потенцираше премиерот Заев во интервју за ТВ Алсат-М.

Next Post

Мицкоски: Ние ги потценуваме граѓаните!

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk