ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Не се очекува нов силен ковид-бран, вакцинацијата дава ефекти

October 13, 2021 12:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Вилипче вели дека не очекува во следниот период да има силен бран на Ковид-19, но оти состојбата постојано се следи и ќе се преземаат мерки согласно нејзиниот развој. Тој нагласува дека засега не се размислува за воведување задолжителна вакцинација, но оти ништо не е исклучено и се ќе зависи дали досегашниот опфат ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.

– Не очекуваме силен бран, односно притисок во болниците, но сме спремни да се прифатат пациентите во кој било град, рече Филипче во одговор на новинарски прашања.

Тешко е, рече тој, да се зборува за очекувања, но може да се види од досегашните искуства дека овој бран беше силен и имаше голем број новодијагностицирани пациенти на кои им беше потребно болничко лекување, само во градовите каде е низок опфатот со вакцинација, а во градовите каде тој опфет е повисок „нема гужви во болниците“.

– Сега на територијата на цела држава е во пораст опфат со вакцинација. Сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни и треба да ја следиме состојбата. Очигледно дека вакцинацијата го прави своето. Дека има ефект од овој процес е докажано и беше докажано сега во овие градови во кои болниците воопшто не се преоптоварија. И доколку се заразат вакцинирани лица тоа ќе биде со полесна форма на болеста и тоа е нешто што се следи и во другите земји каде е прилично висок опфатот со вакцинација, рече министерот за здравство.

Тој вели дека почетокот на секоја кампања и препорака на одредена мерка го зголемувала бројот на лица кои аплицирале за вакцинација и оти сега интересот за примање прва доза е помал.

– Верувам дека на граѓаните се повеќе им е јасно каков е ефектот од вакцинацијата, а тоа е дека таму и каде има заболени, едноставно болниците не се преоптоваруваат. Со вакцинацијата се постигнуваат две работи – прво се штити сопственото здравје, а потоа и здравствениот систем кој нема да се преоптоварува и ќе може да работат нормално и други специјалности и да не се прават листи на чекање, рече Филипче потенцираќи дека и натаму ќе се работи на потенцирање на важност на вакцинацијата.

Тој додаде дека наскоро ќе почне да се применува нова рестриктивна мерка за влез на одредени објекти и настани, при што ќе може да влегуваат само вакцинирани со две дози, наместо како досега и само со една. Освен тоа, засега не се размислува за други мерки, истакна Филипче, иако тоа не се исклучува.

– Тешко е да се предвиди како ќе се движи состојбата со вирусот. Има различни студии и предвидувања. Во овој момент освен кампањите и рестриктивните мерки, некои земји имаат препораки во некои сектори вакцинацијата да биде задолжителна. Ние засега не размислуваме за тоа, но ништо не е  исклучено. Ќе видиме како ќе биде овој следен период, каква ќе биде епидемиолошката состојба, ќе видиме дали овој опфат со вакцина и натаму ќе ги намалува бројките и врз основа на тоа би носеле нови одлуки, рече Филипче.

извор: МИА

Next Post

Право на препораки за лекување во домашни услови има само матичниот лекар, вели Филипче

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk