ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Право на препораки за лекување во домашни услови има само матичниот лекар, вели Филипче

October 13, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека случајот со лекувањето на пациентка заболена од Ковид-19 во домашни услови се уште се истражува и оти јавноста ќе биде информирана кога ќе има дополнителни информации. Тој апелира граѓаните да бидат внимателни и лекувањето во домашни услови да го препуштат единствено на матичниот лекар.

– Ексклузивното право да комуницира и да дава препораки за лекување во домашни услови го има матичниот лекар. Зошто? Поради можноста 24 часа да комуницира со пациентот, да направи проценка на состојбата, да каже дали е за домашно лекување или евентуално да препрати на лекар специјалист и за хоспитализација. Така што, тоа е единственото нешто што е можно и единственото нешто што системот го препорачува и дозволува, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи.

Тој додаде дека граѓаните треба да се свесни дека болеста Ковид-19 е сериозна болест и оти се можни многу различни сценарија во нејзиниот развој.

– Видовме нагли влошувања, видовме различна форма на клиничката слика, лесна, средна и тешка. Повторно да упатам порака дека единствено во комуникација со матичен лекар и лекар специјалист треба да се дефинираат начините на лекување и заради тоа нема еден универзален  протокол кој што важи за сите пациенти. Има протоколи коишто се пратат согласно клиничката слика, манифестацијата, евентуалното присуство на хронични болести. Така што, битно е секој  да се консултира лекар или матичен, а по препорака на матичниот лекар и лекар специјалист, рече Филипче.

Тој информира дека за посочениот случај нема доволно информации и оти треба дополнително да се истражи.

– И тоа вчера го добив од ДЗСИ, увидот е направен кај матичниот лекар на пациентот  дека случајот е пријавен од страна на лекар кој пациентот го примил во болницата „8 Септември“ и констатирал ваква состојба, но, ни требаат повеќе податоци за што дополнително ќе истражи и Санитарниот инспекторат во делот на тоа што е примено на документацијата во болницата „8 Септември“. МВР е известено, така што, во следните денови кога ќе имаме повеќе информации, ќе известиме. Засега ништо повеќе од ова и нам не ни е познато, рече Филипче. /МИА/.

Next Post

По декларацијата на Македонците во Бугарија, со апел излегоа и организации на Бугарите во земјава, Заев повикува на немешање во внатрешните работи и на европски манири

Shortcut

Најново

Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk