ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мицкоски дезинформира дека ќе се купува јаглен од Косово, уште не се знае од каде ќе се набави

Дали навистина набавката на јаглен за потребите на РЕК ќе биде од Косово, Грција со коп во близина на РЕК, Србија или друго место, ќе се знае по завршувањето на тендерот.

October 13, 2021 11:16
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски дадена во Битола во текот на предизборните настапи дека Македонија ќе купува јаглен од Косово за термоцентралата РЕК не е точна. Државата навистина интервентно ќе купува јаглен, меѓутоа од каде не се знае, бидејќи тендерот за набавка сè уште не е завршен. Рокот за доставување на понуди е продолжен до понеделник, 18-ти октомври, пренесува ММС.МК.Мицкоски во изјавата вели:

–Истото како проблем е и во рамките на Европската Унија, но таму некако имаат стратегија, а кај нас стратегијата е граѓаните да дадат 20 милиони евра и на тој начин да се донесе јагленот од Косово и тој јаглен да се гори тука во Битола, ако добро ги разбрав, има тука луѓе од РЕК Битола кој ќе ме корегираат, тоа што мислам дека од прилика е така, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

ММС.МК од Електрани на С.Македонија (ЕСМ) добиле информација дека тендерот не е завршен, па според тоа, не се знае од каде ќе се набавува јагленот за РЕК.

„Тоа што во моментов не е познато е од каде ќе се набави јагленот, односно од кој производител и од која држава, колкава максимална калорична вредност ќе има, каква ќе биде дневната динамика на пренесување, по кои патни правци и тн. Односно, во зависност дали ќе доаѓа од Грција, Албанија, Косово, Србија или други држави во регионот, од тоа ќе зависат одговорите на поставените прашања. Единствено е извесно дека испораката ќе се одвива со камионски транспорт, поради недоволниот капацитет за оваа потреба на железничкиот товарен транспорт“, одговорија од ЕСМ за ММС.

Во исто време со изјавата на Мицкоски, во неколку дигитални медиуми беше објавена истата информација за набавка на јаглен од Косово. CKAНДАЛ: Мaкедoнија ќе купyва jaглен од Кocoво на mkdenes.mk е еден од насловите, каде се пренесува изјава на експерт за тргување со енергија, чии име не познато. Порталот ги пренесува ставовите на експертот, кој како што пишува побарал да остане анонимен.

– Тоа купување ќе ја чини државата повеќе од 50 милиони евра, особено ако знаеме дека железницата е нефункционална за транспорт и ќе треба да се користат камиони. Но тоа не е се, бидејќи струјата произведена од овој јаглен ќе треба да му се продаде на универзалниот снабдувач со кого веќе имаме договор цената да биде 36 евра по мегават/час. Ние мора да го продадеме ова производство по таа цена, иако на пример цената на слободниот интернационален пазар во моментов е 165 евра, а утре ќе биде 197. На универзалниот снабдувач ќе му дадеме нешто многу поевтино отколку што сме го платиле и тука ќе загубиме повеќе од 10.000.000 евра, вели експертот за тргување со електрична енергија кого го контактиравме, а при тоа сакаше да остане анонимен, објавува порталот.

Од ЕСМ потврдуваат дека железницата не е функионална и од каде и да се купува јагленот, транспортот ќе се одвива со камиони. Како илустрација ја изнесуваат набавката на јаглен за ТЕЦ Осломеј, кај Кичево, изминатото лето.

–Последната набавка на јаглен за РЕК Осломеј во текот на летото се одвиваше со камионски транспорт од наоѓалиште во околината на Струга и од рудник од Косово, за кои се доби економски најпововолна понуда. Други понудувачи на тој повик беа од рудници во Србија и Грција, објаснуваат од ЕСМ.

Дали навистина набавката на јаглен за потребите на РЕК ќе биде од Косово, Грција со коп во близина на РЕК, Србија или друго место, ќе се знае по завршувањето на тендерот.

Извор: ММС.МК

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

Просечната нето плата во април 45.452 денари

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk