ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Талевски: Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески со самонаметнатата улога на „жртва“ води кукавичка кампања

October 13, 2021 14:37
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

30 години наназад, македонската плуралистичка сцена не памти дека било кој кандидат, од било која партија, за било какви избори водел ваква кукавичка кампања, како што тоа го прави кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, вели на денешната прес-конференција Миле Талевски од СДСМ.

„Господине Јовчески, народот рекол „со лага ага не бидува“. Вашиот ментор Груевски избега од правдата, вие бегате од вистината. Ама, како што унгарскиот бегалец еднаш рече, „вистината е како шило, врти-врти и кога тогаш ќе излезе на виделина“.

Изборната кампања е поле на кое кандидатите од различни политички опции се натпреваруваат со програми, визии и идеи. Смислата на политичката битка е да се издвојат креативните од деструктивните, храбрите од малодушните. Наместо достоинствен однос, карактеристичен за секој политичар со став и интегритет, вие господине Јовчески одбравте да водите кукавичка кампања, избегнувајќи било каква дебата со вашите противкандидати. Сето тоа под превезот на наводните закани по вашиот живот, искажани преку социјалните мрежи.

Вие, господине Јовчески, манипулирате и си играте со чувствата на граѓаните, бидејќи вистината е поинаква од онаа која ја прикажувате. Вашиот недостиг од политичка наобразба, знаење и искуство, решивте да го надополните со бескрупулозна манипулација со емоциите на граѓаните. Вашата политичка инфериорност во однос на другите кандидати и стравот од медиумско сооочување со нив, го покривате со самонаметнатата улога на „жртва“.

Прилепчани се, господине Јовчески, храбри и одважни луѓе, а Прилеп е град на пркосот и непокорот. Град првоборец. Град Херој. На Прилеп не му личи за градоначалник да има човек кој се плаши од предизвиците, кој нема храброст да се соочи со проблемите.

На Прилеп, господине Јовчески, му личи Сугаре за градоначалник! Тоа во недела, на 17 октомври, граѓаните јасно ќе ви го кажат!“, истакна Талевски.

 

Next Post

Царовска на Дигитален самит на Западен Балкан: Само со современо и квалитетно образование можеме да постигнеме дигитална трансформација

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk