ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Скопје веќе не е за едни мајка, а за други маќеа, во Бутел и во Скопје победуваме во првиот круг

October 13, 2021 21:48
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на митингот во скопската општина Бутел своето обраќање го започна со најава дека во Бутел и во Скопје СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ победуваат уште во првиот круг од изборите: „Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа што 30 години ВМРО-ДПМНЕ ја забораваше оваа исклучително важна општина за развојот на нашето Скопје. Скопје веќе не е за едни мајка, а за други маќеа, како што беше кога урбаната мафија од ВМРО-ДПМНЕ го бетонираше Скопје со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, кој ги продлабочи поделбите, конфликтите и разликите помеѓу центарот и периферијата на Скопје“, потенцираше Шилегов.

Шилегов ги истакна најголемите инфраструктурни зафати завршени во Бутел: „Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а започнуваме и со реконструкција на улицата Бутелска“, додаде Шилегов.

Шилегов ги најави и идните инфраструктурни зафати во Бутел: „Во наредниот мандат го пробиваме булеварот Хрватска и ќе го продолжиме бул. Словенија до Ѓорче Петров и со тоа северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина. Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски – Карпош до Естекада. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки“ најави Шилегов.

Шилегов укажа дека „Во овој дел од градот целосно се реконструирани средните училишта Арсениј Јовков и Зеф Љуш Марку, а обезбедени се и прочистувачи за воздух за секоја училница“. Во делот на зеленилото, Шилегов нагласи дека само во Бутел подигнати се над 73.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1.800 садници.

На крај, Шилегов ги повука бутелчани да излезат на гласање на 17 октомври: „Драги мои бутелчани, останаа уште 4 дена до денот кога заедно ќе ја прославиме големата победа. Разговарајте со вашите пријатели, посочете ги очигледните разлики меѓу нас и нив, секој глас е важен. Затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје“, нагласи Шилегов во своето обраќање пред жителите на Бутел.

Next Post

Вицепремиерот Битиќи на доделување дипломи на Меѓународниот балкански универзитет

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk