ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Битиќи на доделување дипломи на Меѓународниот балкански универзитет

October 13, 2021 21:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на Меѓународниот балкански универзитет (International Balkan University), денеска присуствуваше и се обрати на завршната церемонија на која беа доделени дипломи за завршените студенти од генерацииите 2020 и 2021, кои дипломирале на Универзитетот.

На настанот, воведни обраќања имале и амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Хасан Мемет Секизкок, ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет, проф. д-р Мемет Дурсун Ердем и Претседателот на управувачкиот одбор на универзитетот, Ајдован Адемовски.

Во обраќањето на церемонијата, вицепремиерот Битиќи им го честитал дипломирањето на студентите и порачал дека инвестицијата во сопственото образование е најисплатлива инвестиција на долг рок, за секој еден човек.

– Од искуство можам да ви потврдам дека секој вложен труд во едукација, секоја прочитана книга, секоја конструктивна дискусија, секое различно формално или неформално образование, на некој начин ве гради Вас како луѓе, ви носи нови перспективи и погледи на работите околу вас. Доброто и квалитетно образованието ги насочува младите како да размислуваат, како правилно да функционираат, им овозможува да носат добри одлуки, само преку образованите можеме максимално да го искористиме својот потенцијал и да имаме услови за благосостојба и убав живот. Знаењето стекнато преку образованието е единствениот пат кон слободата, кон независноста, и тоа како на материјалната така и на духовната независност. Едукацијата ни помага во градењето на карактерот, создава здрави навики, поттикнува позитивно размислување и не тера да гледаме кон иднината, нагласил Битиќи, стои во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот додал дека квалитетното образование е основа за зголемување на можности и носење правилни одлуки во животот, а наградата од вложување во едукацијата секако ќе стигне до секој оној кој вложувал во себе.

– Вие сте иднината на нашата земја. Би сакал да уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена, да создава еднакви можности за сите, како и да креира клима за успех на младите. Ќе направиме се што е во нашите можности, за да го унапредиме старт-ап еко системот, да ги поддржиме и поттикнеме младите претриемачи. Работиме напорно за да обезбедиме добра основа за сите млади луѓе, за да вие бидете пионери на четвртата индустриска револуција. Ваша задача е да сонувате и да работите и на тој начин да го остварите вашиот сон. Наша задача, како Влада, е да создаваме можности да вашите соништа станат реалност, тука, во Северна Македонија. Еднакви можности, исти права и квалитет за живот за сите, потенцирал вицепремиерот Битиќи во обраќањето пред дипломираните студенти од Меѓународниот Балкански универзитет.

извор: МИА
Next Post

Заев ќе го отвори Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk