– Меѓу десетиците повредени, беше застрелан и тешко повреден Среќко Софронијевиќ (36), за кого се борат за живот во операционата сала во Косовска Митровица. Директорот на болницата истакна дека бил погоден во градите и дека ќе му извадат куршум заглавен во белите дробови. До ова доведе дивјаштвото на косовскиот премиер Албин Курти, изјави Петковиќ.
Тој нагласи дека ова е седми упад на косовската полиција во српски области, каде со „рафали“ се нападнати Северна Митровица и Звечан, оценувајќи дека намерата на Курти е „да предизвика големи конфликти“.
– Ги повикуваме и КФОР и меѓународната заедница да реагираат и да го спречат лудилото на Албин Курти. Бидејќи ако КФОР не е способен да реагира и да го заштити српскиот народ, има такви што ќе реагираат. Ова е вистински момент да го слушнеме одговорот од меѓународната заедница, која е должна да го одбрани српскиот народ, рече Петковиќ.
Тој наведе дека Србите ги спречиле единиците на специјалната косовска полиција да стигнат до техничкото училиште во Северна Митровица, а тоа истото го сториле и во Звечан, каде ги избркале „под рафали“, бидејќи упаднале во магацини и приватни куќи.
Петковиќ истакна дека Приштина од ден на ден генерира криза и се обидува да создаде нова реалност, но дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека Бура и нов погром на Србите нема да се повторат.
Тој ги повика Србите да останат воздржани и смирни и да не наседнуваат на провокации.