Родовиот дисбаланс кај политичките партии е особено видлив за време на изборните процеси, односно во големата разлика на родова застапеност на повисоки позиции на државно политичко ниво. Поранешен амбасадор на Бугарија во земјава, Ангел Димитров, излезе со тврдење дека САД „најверојатно водат разговори со Република Северна Македонија околу нејзината позиција, но тоа јавно не се соопштува“. Полициски службениви привеле четири лица поради тоа што давале поткуп во замена за глас на претстојните локални избори.
ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ
Според статистиките од Државната изборна комисија, бројот на кандидатки за градоначалнички на претстојните локални избори е уште помал од минатите. Од 301 кандидат за градоначалничко место, само 25 се жени, додека застапеноста на жените во советничките листи е видно поголема од таа за градоначалнички места.
Полициски службеници синоќа привеле четири лица, кои околу 19 часот кои биле забележани како дават пари во замена за глас на претстојните локални избори на местото викано Аџево на подрачјето на Полициската станица „Драчево“. При приведувањето кај четворицата осомничени се пронајдени 121.000 денари и 250 евра.
Гласањето на локалните избори 2021 започна со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Во три гостиварски општини денес гласаа 198 граѓани.
Американската дипломатија и бугарските партнери во ЕУ манифестираат двојни стандарди кон Бугарија, но таа нема да го смени својот став во билатералните односи и не може да се очекува дека Софија ќе направи отстапки под надворешен притисок, изјави копретседавачот на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и поранешен амбасадор на Бугарија во земјава, Ангел Димитров.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска учествуваше на сесија на Венецијанска комисија, каде го претстави предлог-законот за вонредна состојба, кој на оценување пред ова тело на Советот на Европа. Како што објави на министерот Маричиќ на својот фејсбук-профил, мислењата на Венецијанската комисија за овој и за другите закони се особено важни, со цел подобрување на истите и исполнување на европските стандарди во таа област.
ЛАЖНИ ВЕСТИ
Лажен профил е отворен со името и фотографии од првата дама Елизабета Ѓоргиевска. Профилот е на социјалната мрежа „Фејсбук“ и е отворен пред 17 часа и е искористено презимето од претседателот Стево Пендаровски, па е именуван како „Елизабета Пендаровска“, а користени се и нивни заеднички фотографии, споделувани се објави од официјалната страница на претседателот
ПАНДЕМИЈА
Според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ. Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани.
РЕПУБЛИКА, РЕГИОН И СВЕТ
„Храмот“ на прилепскиот ракомет, на малиот фудбал и кошарката, Универзалната сала, повторно им се враќа на спортистите! Под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, вчера беа склучени договори за изнајмување на Универзалната сала на два спортски клуба од градот.
Светскиот ден на храната годинава не затегнува во критичен момент – пандемијата на Ковид-19 останува глобален предизвик, предизвикувајќи невидени загуби и потешкотии, а влијанијата на климатската криза се насекаде околу нас, вели Чу Донгју, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) по повод Светскиот ден на храната.
М. М.