ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Професор д-р Вељановска: Изборите претставуваат демократско исполнување на волјата на поединецот

October 16, 2021 08:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Професор доктор Светлана Вељановска. Фото: Лична архива

Професор доктор Светлана Вељановска. Фото: Лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

Избори, формален процес на избор на лице или партија за носител на јавна функција, или прифаќање или отфрлање политички предлог со гласање. Од општествена гледна точка, изборите претставуваат демократско исполнување на волјата на поединецот, но од аспект на човековите права, секогаш нешто недостига и не е во целост.

ФРОНТЛАЈН разговараше со професор доктор Светлана Вељановска од Правниот Факултет во Кичево, чијашто експертиза се човековите права, и изнесе свое мислење околу почитувањето на човековите права, и правото на глас за претстојните избори.

Професорката Вељановска истакнува дека се наоѓаме во период на локални избори и добро е да се потсетиме од каде произлегува нашата можност за да бидеме активни кретатори на политиките во нашата средина.

Таа во интервјуто за Фронтлајн, нагласува дека правото на глас не е случајно и не е нешто што е добиено само по себе. Напротив тоа е дел од еден подолг процес кој започнува со појавувањето на идејата за постоење на човековите права, вели Вељановска,

Професор доктор Светлана Вељановска. Фото: Лична архива

Што претставуваат човековите права, кои се нивните карактеристики?

Вељановска: Човековите права се одликуваат со универзалност, неотуѓивост, апсолутност и неделивост. Тоа значи дека тие се применуват врз сите луѓе без оглед на нивниот пол, раса, етничка и религиозна припадност, возраст и без оглед на разликите во културата, како и нивото на развојот на нивните општества. Неотуѓивоста значи дека правата му припаѓаат на секое човеково битие од моментот на неговото раѓање и човекот што ги поседува не може ниту доброволно да се откаже од нив. Апсолутноста значи дека тие важат како во однос на другите луѓе така и во однос на институциите на државата во целост а со неделивоста тие функционираат како целина во различните дефинирани области (граѓанско-политички, економско-социјални и културни и сл.) и не е можно тие легално да се поделат и да важат само дел од нив (тематски или темпорално).

Каде и дали постојат ограничувања во човековите права?

Вељановска: Како и за сè друго во општеството и во оваа сфера ограничувањата се можни во случаи регулирани со позитивните законски норми како на пример правото на глас кое е достапно само за полнолетните граѓани на една држава. Правото на глас е во категоријата на граѓанско-политички права, припаѓа на правата од прва генерација и според титуларот е индивидуално право.

Kаде се прокламирани основните политички права во општеството?

Вељановска: Еден од документите на Генералното собрание на ООН -Универзалната декларација за правата на човекот (УДЧП) уште во 1948 година ги декларира основните принципи и стандарди околу тоа што сè опфака  поимот „човекови права и слободи”, предвиден во Повелбата на ОН. Токму таму во членот 21 се прокламирани основните политички права во демократското општество. Меѓу другото стои дека: „Секој има право да учествува во управувањето со неговата држава, директно или преку слободно избрани претставници… волјата на народот ќе биде основата на власта“, со што оди понатаму од идејата за општествениот договор од 18 век, која подразбирала власта да има само согласност од потчинетите и според која само одредени луѓе можеле да ја практикуваат власта. Тука го гледаме изворот на делегирањето на правата од поединецот на од него избраните да ги застапува неговите интереси во општеството.

– Иако Универзалната декларација за правата на човекот не е правно обврзувачки инструмент сепак, во годините по нејзиното усвојување, нејзиното правно значење помина низ драматична трансформација, правната вредност на УДЧП го надминува значењето на обична препорака (декларација). Од денешна перспектива ретки се оние што негираат дека УДЧП е правен инструмент кој предвидува обврски за државите односно сите земји потписнички ја прифаќаат и почитуваат како облигаторен документ, истакна во интервјуто за Фронтлајн, професор доктор Светлана Вељановска.

Марија Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk